header image

Поддршка и за традиционалното и за новото

15.07.2019

 

Поддршка и за традиционалното и за новото

 

Стопанска банка АД - Скопје како Банка со најдолга историја на пазарот, традиционално обезбедува поддршка на настани од клучно значење за културата и промоцијата на нашите вредности.
Оваа година, во истиот викенд се одвиваа и отворањето на Охридско лето како и Галичка свадба. Манифестации со кои се гордееме и за кои се подготвуваме во текот на годината. Покрај тоа што привлекуваат бројна домашна публика, овие 2 манифестации го привлекуваат вниманието и на светската јавност затоа што зрачат со уникатна содржина, автентична на поднебјето.

Охридско лето со отварањето во единствениот Антички театар и богатата програма која следи како и тродневната свадбена церемонија во живописниот Галичник заслужуваат поддршка и го поздравуваме нивното успешно остварување уште една година.

Стопанска банка АД - Скопје останува на страна на културата и на страната на заедницата од која потекнува и со која заедно создава трајни вредности.

 

Дополнително, веќе четврта година, Банката е еден од пријателите на Д-фестивалот во Дојран, еден од ретките фестивали со фестивалски камп во регионот. Покрај богатата музичка содржина, фестивалот нуди филмски, театарски и други уметнички перформанси, како и камп дружење за младите посетители. Нашиот ТОПСИ тим и оваа година обезбеди пинг-понг маса за рекреација, бројни интерактивни содржини и подароци за присутните. Со ТОПСИ брендот, посветен на младите од 18 до 28 години, Банката се приближува до своите клиенти на кои им е потребна финансиска едукација, и едноставни производи и услуги со кои ќе го почнат самостојното водење на финансиите, една од најзначајните вештини во денешно време. Добро е што ТОПСИ брендот може природно да се вклопи во ваквите настани како Д-фестивалот и да стане препознатлив и прифатен од посетителите.

 

Стопанска банка АД - Скопје

75 години на ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на