
Новости
Соопштенија
Информација за електронска достава на фактури
01. 03. 2021
Информација за електронска достава на фактури
Согласно одредбите од член 53-в од Законот за данокот на додадена вредност, Стопанска банка АД - Скопје ги известува своите деловни партнери дека e согласна за прием на фактури пратени по електронски пат до 31. 12. 2021 година.
Фактурите пратени по електронски пат треба да се доставуваат исклучиво на е-адресата e-fakturi@stb.com.mk.
Секоја фактура која ќе се достави на друга e адреса, а не на e-адресата e-fakturi@stb.com.mk, ќе се смета дека не е примена во Банката.
Стопанска банка АД Скопје