
Новости
Соопштенија
Соопштение за продажба на имот - 02.10.2019
02.10.2019
О Г Л А С
(реф бр. 09-10/2019)
за продажба на превземен имот на
Стопанска банка АД - Скопје
Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:
- 9 (девет) објекти (дел од комплекс за обработка на тутун (Јака Табак, во стечај) во Радовиш на ул.М.Тито, и тоа:
а) Зграда 2, објект за манипулација со вкупна површина од 3423 м2 за минимална/почетна цена од 212.240 ЕУР;
б) Зграда 7, објект откупна сала со вкупна површина од 2871 м2 за минимална/почетна цена од 202.000ЕУР;
в) Зграда 9, објект магацин со вкупна површина од 5,007м2 за минимална/почетна цена од 326.000ЕУР;
г) Зграда 12, објект ресторан со вкупна површина од 768м2 за минимална/почетна цена од 82.500ЕУР;
д) Зграда 13, објект административна зграда со вкупна површина од 598м2 за минимална/почетна цена од 65.500ЕУР;
ѓ) Зграда 18, објект магацин со вкупна површина од 158м2 за минимална/почетна цена од 13.000ЕУР;
е) Зграда 21, објект магацин со вкупна површина од 151м2 за минимална/почетна цена од 10.250ЕУР;
ж) Зграда 22, објект магацин со вкупна површина од 183м2 за минимална/почетна цена од 15.000ЕУР;
Купувачот во свое име и на своја сметка ќе изврши приклучување на објектот на електрична енергија.
- Недвижен имот и опрема што се состои од:
А. Недвижен имот (административен простор со производна хала) во Скопје лоциран на КП 992/9 за КО Злокуќани со вкупна површина од 914м2 и заедничка сопственост на двор лоциран на КП 7083/3 за КО Злокуќани за минимална/почетна цена од 306.000ЕУР;
Б. Недвижен имот (административен простор со производна хала) во Скопје лоциран на КП 7083/3 за КО Злокуќани со вкупна површина од 1751м2 со право на сопственост на земјиште под објект и заедничка сопственост на двор лоциран на КП 7083/3 за КО Злокуќани за минимална почетна цена 583.000ЕУР;
НАПОМЕНА: над земјиштето на КП 7083/3 постои право на нужен премин (без надоместок), стварна службеност.
В. Подвижни предмети, опрема за печатење наведени во табелата подолу, за вкупна минимална/почетна цена од 143.000ЕУР:
|
Опис |
Производител |
тип |
Год. на производ. |
1 |
Печатарска машина (топик ротација) : |
Харрис грапхицс |
М 1000 А-630 |
1970/1971 |
2 |
Хефталка составена од: |
Грапха-Ханс Муллер |
|
1980 |
3 |
Машина за печатење весници |
Ман Планаг-Цромосет |
|
1994 |
4 |
Печатарска машина -Б2 4-ри бојна: |
Хеиделберг Спеедмастер |
СМ-74-4-Х |
1994 |
5 |
Хефталка составена од: |
Муллер Мартини |
335 |
1997 |
6 |
Машина за печатење во 4-ри боии Б1 формат |
Хеиделберг Спеедмастер |
ХД 102-ВП |
1978 |
7 |
Машина за штампање висок печат |
Олаф Гулафсен-Хеиделберг |
|
1970 |
8 |
Нож за сечење хартија |
Сцхнеидер Сенатор |
106 |
1962 |
9 |
Машина за печатење весници: |
Мануграпх-Цитѕлине Еџпрес |
|
2005 |
10 |
Хефталица |
Муллер Мартини |
335 |
1999 |
11 |
Тростран нож |
Полѕграпх |
СДЅ Перфекта-1 |
1988 |
12 |
Виткач |
Стахл |
РФ 66.2 |
1996 |
13 |
Виткач |
Брехмер |
К73 РСА |
1999 |
14 |
Нож за сечење хартија |
Њохленберг |
115 |
1982 |
15 |
Припрема на плочи за штампање |
Кодац, Црео, Еграт |
|
2005/2006 |
НАПОМЕНА: предност при купување ќе има понудувачот што ќе достави понуда за купување на целокупниот имот од точка 2 за минимална/почетна цена од 1.032.000 ЕУР.
НАПОМЕНА: Во однос на подвижните предмети од точка 2.В. предност при купување ќе има понудувачот кој ќе достави понуда за купување на сите машини во пакет, сепак заинтересираните купувачи можат да достават и понуда за по машина поединечно. Трошоците за демонтажа, отпремување и транспорт на опремата во разумен рок се на товар на купувачот.
3.Производен погон во Тетово запишан во ИЛ 38489 за КО Тетово 2 лоциран на ул.Илинденска бр.228 со вкупна површина од 1281м2 за минимална/почетна цена од 240.000ЕУР;
4.Деловен простор во с.Стојаково со вкупна површина од 43м2 запишан во Имотен лист бр.1991 за КО Стојаково за минимална/почетна цена од 4.300ЕУР;
- ½ од Нива во Струга, с.Ложани м.в. Краповица класа 2 со вкупна површина од 5009м2 за минимална/почетна цена од 3.600ЕУР
Во цената на имотите и подвижните предмети не е вклучен ДДВ од 18% и истиот го плаќа купувачот.
Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.
Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.
Недвижниот имот ќе се продава во готово или на кредит.
Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.
Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:
- Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
- Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
- Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 6 месеци),
- Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.
- На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
- цената која се нуди за купување на недвижноста;
- согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
- согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.
Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 - МКД 113660111 со назнака: ,,депозит за учество на лицитација”, или да депонираат како залог во СБ средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со минимална/почетна цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со минимална/почетна цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.
Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.
Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.
Продажбата се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот наведен во огласот.
Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.
Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР пресметана според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на плаќањето.
Рокот за доставување на Понудите е 17.10.2019 година.
Дополнителни информации на телефон: 02/3295-280 и 02/3295-283
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ
На ваша страна