
Новости
Соопштенија
Соопштение за располагање со парични средства од социјална, детска и цивилна заштита за декември
03.01.2023
Соопштение за располагање со парични средства од социјална, детска и цивилна заштита за декември
Почитувани,
Ве информираме дека на 04.01.2023 (среда) ќе се изврши процесирање на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита, при што за клиентите - корисници на дебитни картички, средствата ќе бидат веднаш достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите.
Додека, готовинска исплата во филијалите на Банката ќе се изврши етапно на 4-ти јануари (среда) и 5-ти јануари (четврток) 2023 година, со строго дефиниран редослед по азбучен ред и тоа според почетната буква од презимето:
- 04.01.2023 (среда) исплата за А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ; (презиме)
- 05.01.2023 (четврток) исплата за М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш; (презиме)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за подигнување на нивните средства следниот месец.
Клиентите кои ќе ги посетат нашите филијали, апелираме да ги следат следните препораки:
• Доследно запазување на редоследот на исплата по датум и азбучен ред
• Користење на маски или марами и да се одржува меѓусебно растојание од најмалку 2 метри.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна