
Новости
Соопштенија
Глобална недела на парите - повторно во Стопанска банка
GLOBAL MONEY WEEK 2019 - Глобалната недела на парите во Стопанска банка АД - Скопје
Под мотото „УЧИ. ШТЕДИ. ИМАЈ“ преку бројни интерактивни промоции, презентации, посети и предизвици и оваа 2019 година, Стопанска банка АД - Скопје се приклучува на еден од најзначајните светски предизвици - финансиската едукација, посебно кај децата и младите.
Како финансиска институција со најдолга историја на пазарот, Стопанска банка АД - Скопје во 75 години постоење голем дел од своите ресурси ги насочува кон едукација на населението за финасиските производи и услуги и начинот на кој тие можат правилно да се користат за подобрување на индивидуалниот и семејниот живот.
Оваа алатка е посебно значајна во денешно време и сакаме нашите деца и младинци да влезат во светот на ворзрасните подготвени да се справат со предизвиците на вработување, водење семеен буџет, планирање на иднината и остварување на своите цели и амбиции.
Со првата посета од ОУ Браќа Миладиновци на нашата i-bank store, Глобалната недела на парите почна во Стопанска банка и во текот на целата недела од 25-30 март ќе се организираат посети и презентации а на социјалните мрежи и предизвици со кои ќе ја поттикнеме љубопитноста и ќе ја отвориме темата за размислување.
Дознајте повеќе за активностите и за предизвиците на Facebook или на нашата веб страница.