
Новости
Соопштенија
Соопштение за исплата на пензии за месец јули 2022
26.07.2022
Соопштение за исплата на пензии за месец јули 2022
Почитувани,
Ве известуваме дека пензиите за месец јули од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.
Со пензиите за месец јули, клиентите ќе можат да располагаат од 27.07.2022 (среда), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:
- До 11.000 денари на 27.07.2022 (среда)
- 11.001-14.000 денари на 28.07.2022 (четврток)
- 14.001-18.000 денари на 29.07.2022 (петок)
- Над 18.001 денари на 01.08.2022 (понеделник)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.
Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
За влез во филијалите препорачуваме носење на маска/марама и сл., а клиентите да држат растојание од 2м.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна