
Новости
Соопштенија
Оглас за продажба на превземен имот 22.05.2019
22.05.2019
Оглас за продажба на превземен имот 22.05.2019
О Г Л А С
(реф бр. 05-05/2019)
Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:
1.Недвижен имот во Неготино - 9 (девет) згради со вкупна површина од 1976м2 и право на користење земјиште под и околу објект со вкупна површина од 3911м2 лоцирани во м.в. Маршал Тито за КО Неготино запишан во Имотен лист бр.5942 за КО Неготино, и тоа:
а) зграда 1 со површина од 678м2 за минимална/почетна цена од 112.000ЕУР
б) зграда 2 со површина од 690м2 за минимална/почетна цена од 111.000ЕУР
в) зграда 3 со површина од 198м2 за минимална/почетна цена од 32.000ЕУР
г) зграда 4 со површина од 147м2; зграда 5 со површина од 15м2; зграда 6 со површина од 86м2 и зграда 7 со површина од 13м2
за минимална/почетна цена од 38.500ЕУР
д)зграда 8 со површина од 144м2 за минимална/почетна цена од 26.000ЕУР
Купувачот во свое име и на своја сметка ќе изврши приклучување на објектот на електрична енергија.
Продажбата се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот.
Во цената на имотите не е вклучен ДДВ од 18% и истиот го плаќа купувачот.
Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.
Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.
Недвижниот имот ќе се продава во готово или на кредит.
Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.
Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:
Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
- Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
- Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 6 месеци),
- Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.
На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
- цената која се нуди за купување на недвижноста;
- согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
- согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.
Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 - МКД 113660111 со назнака: ,,депозит за учество на лицитација”, или да депонираат како залог во СБ средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со минимална/почетна цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со минимална/почетна цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.
Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.
Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.
Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.
Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР пресметана според средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето.
Рокот за доставување на Понудите е 30.05.2019 година.
Дополнителни информации на телефон: 02/3295-280 и 02/3295-283
Стопанска банка АД - Скопје