
Новости
Соопштенија
Активности на спортистите од Синдикатот на СТБ
12.06.2019
Активности на спортистите од Синдикатот на СТБ
Синдикатот при Стопанска банка АД - Скопје секоја година зема активно учество на банкарските игри во Македонија, а овојпат учествуваше и на меѓународните спортски игри во Србија под името #Бофосијада 2019.
Горди сме што нашиот тим освои трето екипно место на овие меѓународни игри и повторно не претставуваше во најдобро светло. Тимски и индивидуално, освоени беа повеќе медали и трофеи:
- прво место фудбал
- второ место стрелаштво (екипно)
- Беата и Зоран освоија злато во стрелаштво
- Марјанчо донесе злато во пикадо
На банкарските игри во Охрид оваа година освоија трето место екипно и бројни резултати во сите спортови:
- прво место кошарка
- прво место стрелаштво (жени)
- прво место шах (мажи)
- трето место пикадо (жени)
- трето место куглање (жени)
- второ место баскет (жени)
- второ место тенис мешани двојки
Тимскиот дух се гради и негува со години, за што се доказ и овие успеси на нашите спортисти.
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна