header image

Соопштение за исплата на априлските пензии

 

 

23.04.2020 

 

Соопштение за исплата на априлските пензии

 

Почитувани,

 

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Ве известуваме дека априлските пензии од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што  ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.

Со априлските пензии клиентите ќе можат да располагаат од 24.04.2020г. (петок), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

  1. До 11.000 денари на 27.04.2020г. (понеделник)
  2. 11.001-14.000 денари на 28.04.2020г. (вторник)
  3. 14.001-18.000 денари на 29.04.2020г. (среда)
  4. Над 18.001 денари на 30.04.2020г. (четврток)

Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.

Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за оваа пензија туку и за пензиите кои следуваат додека траат мерките за заштита.

Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти и препорачуваме носење на маска/марама и сл., додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 2м.

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна

 

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на