
Новости
Соопштенија
Известувања поврзани со ковид - 19 и со работното време
Почитувани клиенти,
во согласност со засилените мерки за заштита од ширење на ковид - 19 во земјата, Стопанска банка АД - Скопје информира дека:
- филијалите на Банката продолжуваат со работа со клиенти за неопходни трансакции, но со изменето работно време и со намалени капацитети. Информации за работното време на филијалите можете да најдете на интернет-страницата и на мобилната апликација на Банката
- влезот во филијалите ќе биде ограничен од страна на вработените во филијалата во групи по две до пет лица со цел избегнување на редици внатре во филијалите. Клиентите што чекаат за влез препорачуваме да одржуваат растојание 2м еден од друг
- сите простории на Банката како и банкоматите се под засилен режим на хигиена, со вонредни дезинфекции со цел поголема заштита на посетителите и на вработените кои користат маски и ракавици и зачестено ги мијат рацете.
Воедно Банката апелира да се избегнува посета на филијалите, освен за неопходни трансакции во периодот до 25. 3. 2020 или во согласност со препораките на Владата во претстојниот период.
Филијали кои не работат
- i-bank store
- Битпазар
- Карпош 4
- Клиники
- Тетово Нова
- Мајка Тереза
- Ѓорче Петров
- Расадник
- Веро центар
- Ново Лисиче
Другите филијали што се во функција може да ги погледнете во делот локации
Контактирајте со Банката 24/7 преку нашиот контакт-центар на (02)3100 109 или на kontaktcentar@stb.com.mk, нашите колеги ве очекуваат.
Не заборавајте, алтернативните канали на Банката се достапни бесплатно 24/7 преку телефон, мобилен и компјутер и се на располагање за управување на личните и на деловните финансии од комфорот на вашиот дом! Искористете ги за увид, плаќања и за проверка на состојбите на вашите банкарски производи. Банката има изработено детални упатства за користење на каналите кои се достапни на нашата интернет-страница.