КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 Октомври, 1000 Скопје

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

05.03.2019

 

По втор пат во Скопје, ТОПСИ Бус кампања

 

Борбата за подобра животна средина, почист воздух и колективни здрави навики се води долгорочно и од страна на разновидни учесници во општествениот живот. Па така, Стопанска банка АД - Скопје покрај промоцијата на велосипедизмот и другите чисти форми на транспорт преку #ВозиПравоВозиЗдраво веќе втора година со #ТОПСИБус кампањата промовира и користење на јавниот транспорт посебно во зимските месеци кога загадувањето е поголемо а поради временските услови помал е бројот на велосипедисти во градот.

 

Користејќи го прогресивниот изглед и начин на комуникација на ТОПСИ, брендот со кој Банката ги приближува своите производи и услуги до помладите генерации, брендирани беа повеќе автобуси и автобуски станици на начин што ги прави интерактивни и забавни за побрзо да помине времето на чекање на автобуската линија но и со пораки кои потсетуваат на предностите на користење на јавниот превоз.

Секако, за поголема интеракција, Банката преку социјалните мрежи (Twitter, Facebook и Instagram) ги повикува граѓаните да ги посочат сопствените причини поради кои користат јавен превоз и со тоа да можат да добијат картички за бесплатно возење во градските автобуси.

 

Продолжуваме со третата недела од предизвикот #ТОПСИБус кој гласи:

Твитни ни причина повеќе зошто се возиш во #ТОПСИБус и добиј (или со ping подари некому) картичка со 12 гратис возења.
Објавуваме листа на добитници секоја среда :) #TOPSI #ЧистВоздухЧистиУлици

 

 

 

Продолжуваме заедно да создаваме навики кои позитивно се одразуваат на нашето непосредно окружување.

 

Се гледаме во #ТОПСИБус

 

Стопанска банка АД - Скопје

75 години на ваша страна