
Новости
Соопштенија
Промотивна понуда за e-commerce продавница
11.05.2020
Промотивна понуда за отворање e-commerce продавница
Во услови на зголемен интерес на корисниците на картички за купување на производи и услуги преку Интернет, Стопанска банка во соработка со процесинг центарот Касис започнуваат заедничка кампања за поттикнување на сите правни лица кои сеуште не отвориле онлајн продавница тоа да го сторат во овој период и да ја искористат промоцијата која вклучува:
• Бесплатно воведување на сервисот за електронска трговија (e-commerce, односно виртуелен ПОС)
• Бесплатно годишно одржување на сервисот за цела 2020 и можност за понатамошно бесплатно одржување за постигнат обем на годишен промет
• Промотивно 2,45% провизија од износот на секоја трансакција
Промоцијата трае до 15 Јуни 2020г. а сите заинтересирани компании, аплицирањето за користење на сервисот за електронска трговија можат да го направат едноставно, и целосно електронски. Постапката едноставна и започнува со праќање на е-маил до: e-commerce@stb.com.mk на кој заинтересираната компанија пројавува интерес за користење на сервисот за електронска трговија.
Прометот преку електронска трговија на интернет тровците кои го користат сервисот на Стопанска банка во текот на Април месец 2020 е пораснат за 52% во споредба со претходниот месец (Март 2020), додека во однос на Април 2019 порастот е за неверојатни 90%. За таа цел Стопанска банка, ги охрабрува сите правни лица кои се занимаваат со трговска дејност, да направат чекор во вистинска насока, и да започнат со продажба на производите и услугите преку Интернет, искористувајќи го растечкиот тренд на оваа продажба.
Клиентите кои ќе одлучат да започнат со користење на сервисот за електронска трговија на Стопанска банка, дополнително добиваат:
- Бесплатна техничка подршка за имплементација (која Банката ја обезбедува во соработка со процесинг центарот Касис)
- Можност за користење на некои од напредните (опцијални) e-commerce функционалности:
- Продажба на рати без камата
- Наплата по принципот на претплата - recurring плаќања
- Наплата по принципот на предавторизација
- Наплата со Card on File функционалност
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна