
Новости
Соопштенија
Оглас за продажба на превземен имот, реф. бр.1-03/2023
23.03.2023
Оглас за продажба на превземен имот, (реф бр.1-03/2023)
Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:
- Деловен простор во Струмица на ул.Гоце Делчев бр.22 со површина од 43м2 за минимална/почетна цена од 24.000ЕУР,
- Куќа во с.Бориево, Струмица со вкупна површина од 253м3 (ПР+01) со земјиште од 1043м2 за минимална/почетна цена од 36.000ЕУР,
- Фарма во с.Тркање Кочани запишана во ИЛ 1157 за КО Тркање со вкупна површина од 595м2 со земјиште од 2.783м2 за минимална/почетна цена од 39.000ЕУР,
- Објект за одгледување на добиток во с. Бистрица, Битола, со површина во основа од 426 м2 и двор од 2,426м2 за минимална/почетна цена од 12.500ЕУР,
- Деловен простор во с.Турново,Струмица на м.в. Турново 152 од 157м2 и земјиште од 779м2 запишан во ИЛ бр.700 за КО Турново за минимална/почетна цена од 6.500ЕУР,
- 2(два) деловени простории во Скопје на ул.Луј Пастер бр.3 (Палата Македонија) во подрум со вкупна површина 38м2 за минимална/почетна цена од 21.000ЕУР,
- Деловени простории – магацини во с.Куклиш, Струмица со вкупна површина од 244м2 на приземје за минимална/почетна цена од 34.860ЕУР,
- 2(две) куќи во Битола на ул.Кленоец бр.67, запишани во ИЛ 12300 за КО Битола 3,со површина од 88м2(ПР+01),односно 28м2(ПР) за вкупна минимална/почетна цена од 18.000ЕУР,
- Стан во Пробиштип на ул.11 октомври бр.4 кат 1 со површина од 48м2 и подрум од 11м2 за минимална/почетна цена од 15.000ЕУР.
- Недвижен имот во Скопје на ул.Ленинова,број 10, на КП 5473 ,според Имотен лист број 97044 за КО Центар 1 ,во вкупна површина од 754 м2 во заедничка сопственост со Акционерско друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје-Виена Иншуренс Груп.
Своето учество во сопственоста банката го продава за минимална/почетна цена од 300.000ЕУР.
Напомена: дополнителни 401м2 се предмет легализација, а земјиштето под и околу објект е во сопственост на трето физичко лице.
Продажбата се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот.
Во цената на имотите под точка 1,3, 4, 5, 6, и 7 не е вклучен ДДВ од 18% и истиот го плаќа купувачот.
Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.
Недвижниот имот се продава во готово или на кредит.
Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.
Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:
- Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
- Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
- Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 6 месеци),
- Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.
- На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
- цената која се нуди за купување на недвижноста;
- согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
- согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.
Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 - МКД 113660111 со назнака: ,,депозит за учество на лицитација”, средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со минимална/почетна цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со минимална/почетна цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.
Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.
Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.
Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.
Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на еврото пресметана според средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето.
Рокот за доставување на Понудите е 29.03.2023година.
Дополнителни информации на телефон: 02/3295-487, 02/3295-283
Стопанска банка АД - Скопје