header image

Лажни профили на социјалните мрежи

14.11.2019

 

Лажни профили на социјалните мрежи

 

Почитувани,

 

Во последните месеци, многу зачестено на социјалните мрежи Facebook/Instagram се појавуваат лажни профили/страници кои се претставуваат како познати домашни компании и повикуваат на учество во лажни наградни игри, притоа од учесниците бараат да споделат лични податоци како лична карта, своја фотографија, телефонски број, некои финансиски податоци и/или e-mail.

Со споделување на овие податоци, клиентите се изложени на понатамошни злоупотреби на нивниот идентитет, па затоа наша препорака е секако прво НИКОГАШ да не споделуваат лични податоци преку овие канали за неформална комуникација и да се задржат на комуникација со Банката преку контакт центарот или филијалите и второ, доколку веќе биле жртви на измамата, да ги заменат личните документи кои ги споделиле со измамниците и да пријават во најблиска станица на Министерство за внатрешни работи.

 

Стопанска банка АД - Скопје навремено пријавува до Facebook дека постои лажна страница/профил која има за цел злоупотреба на корисниците на Facebook меѓутоа брзината на реакцијата не може да се предвиди. Корисниците може да помогнат за побрзо отстранување на овие лажни профили со едноставно пријавување односно report page.

 

За крај, уште еднаш информираме дека Банката НИКОГАШ не спроведува ваков вид на акции на прибирање на лични податоци од клиентите, дека секоја наградна игра мора да биде објавена на веб страницата и за тоа да се информирани филијалите и вработените.

 

Бидејќи овој вид на измами се појавуваат и за многу локални брендови (банки, големи маркети и продавници, медиуми и сл.) повикуваме на зголемено внимание.

 

Стопанска банка АД - Скопје

75 години на ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.