КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 Октомври, 1000 Скопје

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

24.04.2019

 

Оглас за продажба на превземен имот на Стопанска банка АД – Скопје (реф бр. 03-04/2019)

 

Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:

 

1.Недвижен имот во Неготино - 9 (девет) згради со вкупна површина од 1976м2 и право на користење земјиште под и околу објект со вкупна површина од 3911м2 лоцирани  во м.в. Маршал Тито за КО Неготино запишан во Имотен лист бр.5942 за КО Неготино за минимална/ почетна цена од 360.000ЕУР.

 

2.Деловен простор во Велес (поранешна експозитура на Стопанска банка АД – Скопје) лоциран на ул.Благој Ѓорев бр. 92 запишан во Имотен лист бр.35547 за КО Велес со вкупна површина од 49м2 за минимална/почетна цена од 56.000ЕУР.

 

Во цената на имотите не е вклучен ДДВ од 18% и истиот го плаќа купувачот.

 

Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.

 

Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.

 

Недвижниот имот ќе се продава во готово или  на кредит.

 

Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.  

 

Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:

  • Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
  • Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
  • Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 6 месеци),
  • Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.

 

  • На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
  • цената која се нуди за купување на недвижноста;
  • согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
  • согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.

 

Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 - МКД 113660111  со назнака: ,,депозит за учество на лицитација”, или да депонираат како залог во СБ средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со почетна минимална цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.

 

Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.

 

Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.

 

Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.

         

Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР пресметана според  средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на плаќањето.

         

Рокот за доставување на Понудите е 03.05.2019 година.

Дополнителни информации на телефон:  02/3295-280

 

Стопанска банка АД - Скопје