header image

Соопштение за втор период на одложена отплата

3. 9. 2020

 

Соопштение за втор период на одложена отплата

 

Заклучно со септември/октомври 2020 година завршува периодот на одложена отплата на кредитните производи за население, кој произлезе од понудата која Стопанска банка ја објави на почетокот на април годинава, во согласност со регулативата на НБРСМ, по што клиентите ќе продолжат со редовна месечна отплата на обврските.


Имајќи ги предвид продолжените несакани ефекти од пандемијата на ковид-19 врз економијата и врз животот на граѓаните, Стопанска банка АД - Скопје овозможува втор период на одложена отплата за кредитни производи на население, согласно условите дадени во продолжение.


Квалификувани клиенти:
Клиенти кои имале кредитен производ (потрошувачки, автомобилски, станбен кредит, кредитна картичка или Мој Кеш) кој бил редовен со 29. 2. 2020 година (класифицирани во категорија на ризик А, Б или В) или кои се реализирани во периодот од 1. 3. 2020 до 24. 3. 2020 година и кои имаат реална потреба за втор период на одложување на отплатата и соодветно продолжување на рокот на отплата (како на пример: престанок на работен однос, намалени месечни примања, потреба за лекување), поткрепена со соодветна документација: извод од трансакциска сметка за периодот од 1. 1. 2020 до 31. 8. 2020 (доколку клиентот не ја прима платата преку СБ), доказ за престанок на работниот однос, медицинска документација која датира од 2020 година и останата документација на барање на Банката.


Начин на комуникација за втор период на одложена отплата:
Банката ќе даде можност за клиентите корисници на ануитетски кредитен производ кои се во одложена отплата, како и за дел од клиентите корисници на кредитни картички/Мој кеш врз основа на направена анализа, да побараат користење на втор период на одложена отплата. Банката со испраќање на e-mail / SMS комуникација на 4. 9. 2020 година, ќе им даде можност заклучно со 13. 9. 2020 година да се изјаснат дали им е неопходен втор период на одложена отплата.

 

Клиентите кои нема да бидат контактирани преку SMS или e-mail а кои имаат реална потреба, се охрабруваат да се обратат преку 24/7 Контакт центарот достапен на (02)3100-109 или во Филијалите на Банката и да побараат да бидат вклучени во постапка за втор период на одложена отплата.

Банката соодветно ќе ги извести клиентите за донесената одлука за користење на втор период на одложена отплата најдоцна до 30. 9. 2020 година. Сите клиенти за кои Банката ќе донесе позитивна одлука ќе го користат вториот период на одложена отплата, а останатите клиенти треба да продолжат со редовна месечна отплата на нивните обврски.


Времетраење на вториот период на одложена отплата:
Клиентите ќе бидат во можност да користат најмногу до 6 месеци второ одложување на отплатата (не подоцна од 31. 3. 2021 година) и соодветно продолжување на рокот на отплата на ануитетските кредити.
Клиентите со ануитетски кредити (потрошувачки, автомобилски и/или станбени кредити) при подобрени услови ќе можат да побараат од Банката преку нашиот 24/7 Контакт центар достапен на (02)3100 109 или преку Филијалите на Банката, да се вратат во статус на редовна месечна отплата и пред истекот на вториот период на одложена отплата.
Клиентите со револвинг кредитни производи (кредитни картички/Мој кеш) кои ќе бидат во период на одложена отплата, ќе можат во секое време да вршат уплати, во износ согласно нивните можности, што тековно ќе бидат раскнижени и соодветно ќе се евидентира намалување на долгот.

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.