
Новости
Соопштенија
Соопштение за надградба на системи 11 - 12.05.2019
10.05.2019
Соопштение за надградба на системи 11 - 12.05.2019
Почитувани,
Во периодот 11 - 12.05.2019 Стопанска банка АД – Скопје ќе спроведува планска надградба на решенијата кои се користат за извршување на налози преку i-bank услугите (e-banking, m-banking и телефонско банкарство). Надградбата ќе овозможи подобри и побрзи трансакции во иднина и е во рамки на редовните унапредувања на алатките достапни за клиентите на Стопанска банка.
Поради надградбата, најавуваме дека часовите помеѓу сабота 11.05 и недела 12.05, како и во текот на денот 12.05 клиентите нема да бидат во можност да реализираат плаќања преку i-bank услугите. Бидејќи овие термини платниот промет секако не е достапен, од надградбата нема да бидат погодени голем број на клиенти и трансакции.
Очекуваме во понеделник 13.05 системите да бидат целосно достапни и клиентите да можат да ги користат непречено.
Ви благодариме за разбирањето.
Стопанска банка АД – Скопје
75 години на ваша страна