
Новости
Соопштенија
Совршен пар за шопинг - VISA Vero кредитна картичка
05.10.2018
VISA VERO КРЕДИТНАТА КАРТИЧКА И ВЕРО ЛОЈАЛНАТА КАРТИЧКА СОВРШЕН ПАР ЗА ШОПИНГ
Стопанска банка АД – Скопје, како Банка со најголемо картично портфолио на пазарот во соработка со ВЕРО маркетите, ви нудат единствена можност за заштеда при користење на VISA VERO кредитните картички во пар со ВЕРО лојалната картичка.
VISA VERO кредитната картичка е единствената картичка која секој месец ви дава можност за заштеда од секое пазарење во ВЕРО маркетите, во износ од неверојатни 4.5% и тоа:
• 3.5% од вредноста на трансакциите направени во маркетите на ВЕРО и
• 1% од вредноста на ВЕРО картичките за лојалност
VISA VERO кредитните картички Банката ги издава со кредитен лимит во висина до 5 месечни плати, а секако и овие картички се издаваат со можност за купување на рати без камата кај повеќе од 1.000 продажни места во државата и грејс период од 45 дена.
Сега е вистински момент да поднесете барање за VISA VERO кредитна картичка од Стопанска банка и да добиете најмногу од секое ваше купување во ВЕРО маркетите.
Не пропуштајте, рефинансирајте ги вашите постојни кредитни картички со нова VISA VERO картичка и почнете да ги користите овие поволности. За нова VISA VERO картичка може да поднесете барање во било која филијала на Стопанска банка, како и 24/7 online или на АЛО кредит на 15110.
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна