header image

Оглас за продажба на имот реф бр.1-01/2021

11.01.2021

 

Оглас за продажба на превземен имот на Стопанска банка АД – Скопје  (реф бр.1-01/2021)

 

Почитувани,

Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:

  1.  15 (петнаесет) објекти (дел од комплекс за обработка на тутун од поранешна Јака Табак во Радовиш на ул.М.Тито КП4589/1 за КО Радовиш, и тоа:
    • а) Зграда 1, објект магацин тн.Ферментација со вкупна површина од 5153 м2 за минимална/почетна цена од 372.000ЕУР;
    • б) Зграда 1 на КП.4593 КО Радовиш, објект магацин со вкупна површина од 3378 м2 за минимална/почетна цена од 266.000ЕУР;
    • в) Зграда 3, објект магацин тн.Маракана со вкупна површина од 2412 м2 за минимална/почетна цена од 197.000ЕУР;
    • г) Зграда 5, објект магацин тн.Л.Брена со вкупна површина од 1941 м2 за минимална/почетна цена од 163.000ЕУР;
    • д) Зграда 7, објект магацин тн.Откупна сала со вкупна површина од 2871 м2 за минимална/почетна цена од 151.000ЕУР;
    • ѓ) Зграда 8, објект магацин тн.Дисконт со вкупна површина од 1416 м2 за минимална/почетна цена од 86.000ЕУР;
    • е) Зграда 9, објект магацин со вкупна површина од 5007 м2 за минимална/почетна цена од 253.000ЕУР;   
    • ж) Зграда 10, објект магацин со вкупна површина од 4725 м2 за минимална/почетна цена од 235.000ЕУР;
    • з) Зграда 11, објект магацин со вкупна површина од 753 м2 за минимална/почетна цена од 36.000ЕУР;
    • ѕ) Зграда 14, објект магацин со вкупна површина од 528 м2 за минимална/почетна цена од 31.000ЕУР;
    • и) Зграда 18, објект магацин со вкупна површина од 158 м2 за минимална/почетна цена од 9.500ЕУР;
    • ј) Зграда 19, објект стара котлара со вкупна површина од 169 м2 за минимална/почетна цена од 9.000ЕУР;
    • к) Зграда 21, објект магацин со вкупна површина од 151 м2 за минимална/почетна цена од 8.556ЕУР;
    • л) Зграда 22, објект магацин со вкупна површина од 183 м2 за минимална/почетна цена од 11.000ЕУР;
    • љ) Зграда 36, настрешница со вкупна површина од 128 м2 за минимална/почетна цена од 2.000ЕУР;


Напомена: Земјиштето под и околу објектите е во сопственост на Република Северна Македонија.

Продажбата се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот.
Во цената на имотите под точка 1 не е вклучен  ДДВ од 18% и истиот го плаќа купувачот.
Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.
Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.
Недвижниот имот ќе се продава во готово или на кредит.

Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.  
    
Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:

  • Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со  имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
    -    Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,  
    -    Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ  не постара од 6 месеци),
    -    Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.  

  • На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
    -    цената која се нуди за купување на недвижноста;
    -    согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
    -    согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.

Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 - МКД 113660111  со назнака: "депозит за учество на лицитација”, или да депонираат како залог во СБ средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со минимална/почетна цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со минимална/почетна цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.

Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.
   

Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.

Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.
          
Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР пресметана според  средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето.

Рокот за доставување на Понудите е 18.01.2021 година.

Дополнителни информации на телефон: 02/3295-280, 02/3295-283 и 071/223 636

Стопанска банка АД - Скопје

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.