header image

Следење на препораките за мреки за превенција и заштита од актуелниот Корона вирус

Почитувани,

Во согласност со препораките и Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, Стопанска банка е во поддршка на мерките за превенција и заштита од актуелниот COVID-19 корона вирус.

Со цел обезбедување континуирана соработка со клиентите, Банката ве информира дека, поради намалените капацитети во препорачаниот период, од среда, 11.03 до 25.03.2020година филијалите:

  • i-bank store
  • Битпазар 
  • Карпош 4
  • Клиники
  • Тетово Нова
  • Мајка Тереза
  • Ѓорче Петров
  • Расадник
  • Веро центар
  • Ново Лисиче

нема да работат додека преостанатите филијали на Банката ќе продолжат да бидат достапни за клиентите за сите нивни прашања и потреби.

Работното време како и досега можете да го најдете на нашата веб страница или на мобилната апликација. Континуирана достапност и поддршка за клиентите обезбедуваме и преку 24/7 контакт центарот (02)3100 109.

Воедно, ве потсетуваме дека нашите етаблинарни i-bank услуги достапни 24/7 преку телефон, мобилен и компјутер овозможуваат брз, едноставен а безбеден начин за управување со личните или деловните финансии. Со e-banking, m-banking и телефонското банкарство, како и 24/7 контакт центарот на Банката на (02)3100 109, нашите клиенти можат да реализираат денарски и девизни плаќања од својот дом или канцеларија. Додека со alokredit.mk сервисот, исто така достапен 24/7 на 15110 може да се аплицира за сите наши кредитни производи, да се добие пример пресметка, да се внесе апликација и да се добие конечен одговор на барањето.

За крај, апелираме до нашите клиенти и вработени доследно да ги следат препораките на Министерството за здравство и Владата, затоа што јавното здравје е заедничка одговорност.

Ви благодариме на разбирањето.

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна

Аплицирај online

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.