
Новости
Соопштенија
Оглас за продажба на имот 07-08/2019
13.08.2019
Оглас за продажба на превземен имот на Стопанска банка АД - Скопје 07-08/2019
Стопанска банка АД – Скопје информира дека ќе изврши продажба на следниот имот:
|
Вид на имотот: |
Краток опис на имотот: |
Имотен лист |
Физичко владение |
Минимална/почетна цена (ЕУР) |
|
1.Тетово |
деловен простор |
на ул.Илинденска од 89м2 Тетово на 01 кат во трговски центар. |
да |
да |
10.000 |
|
2. Тетово |
производствен погон |
(поранешна фабрика Теконд) запишан во ИЛ 38489 за КО Тетово 2 лоциран на ул.Илинденска бр.228 со вкупна површина од 1281м2 |
да |
да |
240.000 |
|
3. Скопје |
дел од деловен простор |
на ул.Битпазарска на 1ви кат со површина од 109м2, тераса со површина од 147м2 и ходник и скали со површина од 16м2 |
да |
да |
110.000 |
|
4. Радишани, Скопје |
куќа |
на ул.Радишанска 216А (ПР+МА) со вкупна површина од 109м2 и земјиште со вкупна површина од 785м2 |
да |
да |
38.000 |
|
5. Битола |
спрат од куќа |
спрат од куќа во Битола на ул.Караорман бр.15 со вкупна површина од 93м2 (1кат) |
да |
не |
14.000 |
|
6. Охрид |
деловен простор |
Ул. Туристичка, ТЦ, Охрид 2 со површина од 22м2. |
да |
да |
11.000 |
|
7.Здуње, Гостивар |
куќа |
с.Здуње, Гостивар со површина од 343м2 и земјиште од 542м2 |
да |
не |
50.000 |
Продажбата на имотот се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот.
Во цената на имотите под точка 1; 2; 3; и 6 не е вклучен ДДВ од 18% и истиот го плаќа Купувачот.
Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.
Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.
Недвижниот имот ќе се продава во готово или на кредит.
Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.
Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени коверти, од кои што едниот коверт (помалиот) треба да биде затворен во другиот коверт (поголемиот) при што:
- Поголемиот коверт треба читко да биде адресиран до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големиот коверт да се наведе:
- Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
- Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 6 месеци),
- Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација. - На помалиот коверт да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
- цената која се нуди за купување на недвижноста;
- согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
- согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.
Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 - МКД 113660111 со назнака: „депозит за учество на лицитација”, или да депонираат како залог во СБ средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со минимална/почетна цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со минимална/почетна цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.
Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.
Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.
Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.
Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР пресметана според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на плаќањето.
Рокот за доставување на Понудите е 20.08.2019 година.
Дополнителни информации на телефон: 02/3295-280 и 02/3295-283
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ