
Новости
Соопштенија
Јавен повик за 48. собрание на акционери
01.06.2020
Јавен повик за 48. собрание на акционери
Врз основа на членот 27 од Статутот на Стопанска банка АД – Скопје (С.О. бр. 399 / 4. 3. 2020 година, пречистен текст), Надзорниот одбор на СБ, на седницата одржана на 28. 5. 2020 година, донесе одлука за свикување на 48. седница на Собранието на акционери на СБ (Н.О. бр.28/ 2020 од 28. 5. 2020 година).
Седницата на Собранието ќе се одржи на 30 јуни 2020 година (вторник), со почеток во 12.00 часот по пат на кореспонденција, со оглед на вонредната состојба, а со цел почитување на заштитните мерки за спречување на ширењето на вирусот ковид-19 на Владата на Република Северна Македонија и во согласност со соопштението на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија од 16. 3. 2020 година за модификација на одржување на годишните собранија на акционери.