
Новости
Соопштенија
Оглас за продажба на имот - Гостивар
29.10.2018
ОГЛАС за продажба на недвижен имот на Стопанска банка АД – Скопје
(реф бр. 18-10/2018)
Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот лоциран во Гостивар, и тоа:
- деловен простор на ул.Б.Јованоски бр.25 во Гостивар лоциран на КП 4606 дел 1 кат приземје запишан во Имотен лист бр.102392 за КО Гостивар-2 со вкупна површина од 142м2 за минимална/почетна цена од 450.000 ЕУР.
Во цената на имотот не е вклучен ДДВ од 18% кој го плаќа купувачот. Данокот на промет на недвижност, како и сите трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.
Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди. Недвижниот имот ќе се продава во готово или на кредит. Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.
Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени коверти, од кои што едниот коверт (помалиот) треба да биде затворен во другиот коверт (поголемиот) при што:
⦁ Поголемиот коверт треба читко да биде адресиран до Стопанска банка АД - Скопје – Служба за управување со имот, ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големиот коверт да се наведе:
-Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
-Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасоШ, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 6 месеци),
-Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.
⦁ На помалиот коверт да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
-цената која се нуди за купување на недвижноста;
-согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
-согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.
Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 - МКД 113660111 со назнака: ,,депозит за учество на лицитација”, или да депонираат како залог во СБ средства во износ од 2% од минималната/почетна цена.
Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.
Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде писмено информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.
Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација Ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.
Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР пресметана според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на плаЌањето.
Рокот за доставување на Понудите е 07.11.2018година.
Дополнителни информации на телефон: 02/3295-280
Стопанска банка АД - Скопје