header image

Финансиски резултати за 2025 година

31.1.2026

Финансиски резултати за 2025 година

Стопанска банка ја заврши 2025 година со солидни финансиски резултати и континуиран напредок во трансформацијата

 

Врз основа на објавените неревидирани финансиски резултати објавени на Македонска берза, Стопанска банка оствари добивка пред оданочување и исправка на вредност во износ од 84,5 милиони евра, што го одразува отпорниот перформанс во година исполнета со предизвици во домашната и глобалната економија.

Вкупната актива забележа пораст од 9,1%, поради силниот органски раст на депозитите од 10,4%. Кредитите исто така забележаа пораст за 10,2% во двата сегмента, за население и корпоративни клиенти – потврдувајќи ја посветеноста на Банката кон поддршка на реалната економија.

Остварената стапка на поврат на капиталот (RoE) во 2025 година изнесува 11,7%, како и стапка на поврат на актива (RoA) од 2,2%. Стопанска банка останува добро капитализирана, со вкупен капитал од 466 милиони евра, и силна ликвидносна позиција со однос кредити/депозити од 91%, што укажува дека потенцијалот за финансирање на Банката и понатаму е ефикасно насочен кон кредитирање на населението и компаниите.

Во текот на 2025 година Банката ја заокружи првата година од својата интензивна трансформација, фокусирајќи се на модернизација, дигитализација и оперативна ефикасност — што ќе продолжи и во наредните години со цел позиционирање на Стопанска кон одржлива и просперитетна иднина. Трансформацијата е придружена и со организациски и менаџерски зајакнувања. Управниот одбор сега е составен од седум членови кои ги покриваат сите деловни линии, зајакнувајќи го внатрешното управување, менаџерскиот извршен капацитет и одговорноста кон целите на Банката.

Поддржана од силната позиција на НБГ Групацијата, Стопанска банка ги користи заедничките искуства, најдобрите практики и значајните инвестиции за унапредување на сите процеси и севкупната трансформација, притоа обезбедувајќи континуитет, прудентно управување на ризиците и постојаното подобрување на услугите кон клиентите.

Аплицирај online

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.