header image

Стопанска банка со донација за Медицински факултет

20. 9. 2024

 

Стопанска банка со донација за Медицински факултет

 

Со посетата на Медицинскиот факултет Стопанска банка ја официјализираше донацијата на врвна технологија за Институтот за патологија. Донацијата опфаќа набавка на специјализиран скенер за патохистолошки препарати кој со помош на вештачка интелигенција и напреден медицински софтвер помага попрецизно и побрзо да се анализираат примероците кои во Институтот пристигнуваат од сите клиники и клинички центри во земјата. Дополнително, оваа опрема ќе се користи и во едукациски цели со што високо ќе го профилира Институтот кај идните студенти и специјализанти создавајќи одржливост на професијата на долг рок.
Донацијата е дел од активностите што Банката ги спроведува во годината кога одбележува 80ти јубилеј, оставајќи и понатаму траен белег врз заедницата.
Донацијата, Банката ја надополнува со изградба на современа читална во рамки на Клиничкиот центар која слободно ќе можат да ја користат студентите и специјализантите во текот на студиите.


Г. Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на одборот на директори на Стопанска банка по повод донацијата на Деканот и претставниците на Институтот на патологија им порача:
За нас е големо задоволство но и гордост што повторно сме тука, на универзитетските клиники и институти, продолжувајќи ја нашата посветеност на здравјето како врвен приоритет за секој човек. Стопанска банка ја посветува донацијата на членовите на факултетот и на студентите, инвестирајќи со тоа и во квалитетот на медицинското образование на долг рок. Веруваме дека новата опрема ќе ги поттикне следните генерации медицински професионалци да се истакнат во нивните студии, во полза на голем број пациенти во иднина.
Силниот здравствен систем е столбот на едно просперитетно општество и како значаен член на заедницата, веќе 80 години ја поврзуваме Стопанска банка со континуираното зајакнување на системот, економијата и заедницата.

Проф. Д-р Светозар Антовиќ, Декан на Медицинскиот факултет во Скопје, заблагодарувајќи се на претставниците од Стопанска банка изјави: „Чест ни е што можеме и како тим да изразиме благодарност до Стопанска банка која ни се обрати за донација и одлучи да ја поддржи дијагностичката дејност на Институтот за патологија со скенерот за патохистолошки микроскопски препарати. Значењето на донацијата е најевидентно преку имплементацијата на дигиталните алатки во полето на патологија, односно преку зголеменото нивото на точност и го побрзото изготвување на патохистолошките наоди, со што се намалува времето на чекање за дијагноза, која што е клучна за третманот на пациентите од сите наши клиники.
Дополнително, оваа опрема ни отвора простор и за телепатологија, односно дигитална консултација на далечина со референтни центри за одредени комплексни патолошки случаи, што досега не беше достапно.
Како Декан мојата грижа покрај за пациентите на Клиничкиот центар е и за академскиот кадар – професори, студенти и специјализанти па оттука ме радува и фактот што Банката покрај опремата ќе донира и најсовремена читална во средиштето на Центарот наменета за генерации студенти. Своевиден дом надвор од дома неопходен за долгиот процес на едукација на идни врвни медицински кадри, со што создаваме одржливост на здравствениот систем.


За донацијата:


Донираниот скенер е модел со назив Morpholens6, продукт на реномираната компанија за дигитална технологија Morphle Labs чие главно претставништво се наоѓа во Сан Франциско, Калифорнија, САД. Morphle Labs е еден од водечките производител на скенери патохистолошки стакла чија гама на производи содржи различни модели кои ги задоволуваат потребите за дигитална патологија насекаде во светот. Моделот Moprholens6 е дигитален скенер на патохистолошки стакла кој истовремено може да скенира и дигитализира 6 патохистолошки стакла со висока резолуција. Покрај тоа, скенерот има интегриран софтвер со вештачка интелигенција за анализа и квантитативна интерпретација на имунохистохемиски маркери, а неговата работа иницијално ќе започне со анализа на маркерот HER2 кој е неопходен во дијагностичкиот протокол на карциномите на дојка и карциномите на желудник. Во моментот на Институтот за патологија, споменатата имунохистохемиска анализа се изведува на тој начин што патолозите на микроскоп бројат најмалку 4 групи од по 100 клетки и го нотираат бројот на позитивни туморски клетки, а резултатот го изразуваат во процент. Имплементацијата на дигиталните алатки во полето на патологија, како што е скенерот за патохистолошките микроскопки стакла, значително би го зголемило нивото на точност и би го забрзало изготвувањето на патохистолошките наоди, со што би се намалило времето на чекање за дијагноза, која што е клучна за третманот на пациентите и би се подобрила функционалноста на сите клиники.
Претходно споменатите анализи се многу важни во дијагностиката на многу малигни заболувања, меѓу кои се вбројуваат карциноми на дојка, тумори на панкреас, гастроинтестинални и невроендокрини тумори, промени на кожа и крвни садови, како и многу други тумори кај кои според стандардните дијагностички протоколи треба да се направат наведените имунохистохемиски анализи.
Еден од најважните сегменти од имплементацијата на скенерот за патохистолошки микроскопски препарати во патолошката пракса е можноста за телепатологија, односно дигитална консултација на далечина со референтни центри за одредени комплексни патолошки случаи, со што се избегнува потребата од физичко испраќање на примероците од ретки тумори за дополнителна експертиза во некои од европските референтни центри, бидејќи дигитализираните патохистолошки препарати би биле достапни за анализа на далечина.
Со оваа донација и спроведената темелна обука за кадарот на Институтот за патологија, значително ќе се подобри функционалноста на дијагностиката поврзана со сите Универзитетски клиники.

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.