header image

Донација за територијалните пожарникарски единици

27.12.2024

Донација за територијалните пожарникарски единици

 

Стопанска банка целосно опреми три територијални противпожарни единици со индивидуална пожарникарска униформа која вклучува: чизми, шлем, ракавици, јакна, кошула и пантолони. Униформата е со врвен квалитет и специјално изработена за борба со шумски пожари, природна непогода од која секоја година страдаат нашите планини.

ТППЕ Старо Нагоричане, Ранковце и Кратово со вкупно 27 пожарникари веќе ја користат опремата и го изразија своето задоволство на средбата со Управниот одбор на Стопанска банка во Центарот за управување со кризи.

Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка, на средбата со присутните пожарникари, претставници од територијалните единици им се заблагодари за нивната пожртвуваност и посветеност кон заштитата на природата и граѓаните од една од најопасните појави - пожарот:
Донацијата од Банката е израз на нашата длабока благодарност и почит кон сите вас, поттикната од разорните пожари кои ја зафатија земјата во текот на летото, и кои, за жал, се сѐ почести во целиот регион. Соочени со разорната моќ на шумските пожари ја откриваме нашата ранливост како општество и заедница, па затоа, ако веќе сме во можност, помошта за првата линија на отпорот е најмалку што можеме да направиме. Искрено се надеваме дека опремата нема да треба да ја користите често, но во исто време нѐ радува фактот што добивте целосно нова и модерна опрема која ќе ве заштитува и овозможува подобри услови за работа.

Тој изрази благодарност и за Центарот за управување со кризи преку кој се реализираше донацијата бидејќи имаа директен увид за состојбите на теренот и беа во можност да направат проценка кои територијални единици треба да се опфатат со донацијата.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, на средбата со менаџментот на Банката и претставниците од ТППЕ во просториите на ЦУК, изрази голема благодарност до пожарникарите за нивниот голем ангажман во справување со огнените стихии, како и до Банката, донатор на опремата за пожарникарите.

Со ваквите реализирани донации, а на линија со кампањата “ДОМА“ која во текот на 2024 година го промовираше 80. јубилеј на Стопанска банка, придонесуваме ДОМА да ни биде подобро, побезбедно и со тоа да градиме иднина на здрави и цврсти темели со Стопанска банка како поддршка и поттик.

Стопанска банка АД – Скопје
80 години, на ваша страна

За донацијата:

Во екот на катастрофалните пожари кои ги зафатија шумите низ земјата, Банката се обрати во Центарот за управување со кризи со понуда да помогне на начин што ќе ги засили напорите за справување со шумски пожари на подолг рок.
Низ преговорите со ЦУК, предложено беше да се обезбеди комплет индивидуална опрема за 27 пожарникари, односно комплетно опремување на три територијални единици и сите нивни активни пожарникари - Старо Нагоричане, Ранковце и Кратово.

Банката ја набави опремата од локални добавувачи кои испорачаа врвна опрема изработена по светски стандарди, која може да издржи високи температури со максимална заштита за корисниците. Опремата, со точно назначени димензии, е доставена и пожарникарите веќе ја имаат на располагање.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.