КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 Октомври, 1000 Скопје

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

Насоки и совети за безбедно користење на платежните картички

 

 

Општи совети

• Картичките на Стопанска Банкa може да се користат секаде каде што е истакнат знакот на VISA или MasterCard, во трговија како и за подигање на готовина на банкомати и банкарски шалтери.

Картичките на Стопанска Банка го поседуваат 3D Secure сертификатот (VbV & MC SecureCode) и овозможуваат највисок степен на сигурност при купувањето на интернет. За повеќе на следниов линк.

БЕЗ ПРОВИЗИЈА за плаќање во трговската мрежа во земјата и во странство.

Картичката е непренослива и може да ја користи исклучиво лицето чии податоци се содржани на картичката.

За подигање готовина од банкомати и во трговската мрежа се користи пин кодот кој ќе го креирате при подигнување на картичката. Пин кодот може бесплатно да се промени на било кој банкомат на Стопанска банка.

При користење на банкоматот почитувајте го личниот простор на лицето кое што го користи банкоматот пред вас.

Картичките на Стопанска банка содржат чип и воедно нудат бесконтактно плаќање

За одреден износ на трансакција при бесконтактното плаќање не е потребна верификација на картичката со ПИН.

Растојанието кое што е потребно за да се иницира бесконтактна трансакција со картичка е еден до два сантиметри до бесконтактниот терминал.

Проверете ја датата на истекување на картичката. Доколку планирате да патувате осигурајте се дека вашата картичка ќе биде во важност за време на патувањето. Доколку картичката истекува обратете се во најблиската филијала или контакт центарот за да се замени со нова.

При плаќање во трговија пред внесувањето на пинот секогаш проверувајте го износот на трансакцијата. Доколку трансакцијата е бесконтактна и без потреба за внесување на пин проверете го износот на слипот од трансакцијата.

Доколку дојде до ГУБЕЊЕ, или КРАЖБА, јавете се веднаш во Контакт центарот во било кое време 24/7 на телефонскиот број:(02) 3100-109

 

Безбедносни совети

Пин кодот не го чувајте заедно со картичката

- потрудете се да го запомните,

- доколку мора да го запишете тогаш чувајте го одвоено од картичката, пример: во мобилен телефон,

- при користење на картичката секогаш самостојно внесувајте го пинот во терминалот,

- не го соопштувајте усно или писмено, пин кодот од картичката на никој, вклучувајќи ги и вработените во банката.

Кога подигате готовина од банкомат осигурајте се дека никој не може да го види пин кодот со тоа што ќе ја покриете раката при внес на кодот. Проверете го износот на подигнатите пари додека сте на банкоматот и проверете го извештајот за да се осигурате дека успешно е комплетирана трансакцијата и не заборавајте да ја земете картичката.

Чувајте ја картичката како да е готовина и на место кое што е познато само за вас.

 

Kорисни совети при купување на интернет:

Потребни податоци за комплетирање на трансакција преку интернет се: број на картичка, дата на истекување и трицифрениот безбедносен код од задната страна на картичката.Купувајте кај web трговци на коишто им верувате како на пример познат бренд. Осигурајте се дека е безбедна страницата со тоа што во пребарувачот ќе се појави зелено затворено катанче или сајтот ќе започнува со https:/

Не наседнувајте на понуди што се премногу добри за да се пропуштат, бидејќи можеби се работи за измама.

Внимавајте на адресата на испраќачот на електронската пошта затоа што чести се лажни меилови наменети за phishing, каде што се користи име на позната компанија во самата меил адреса. Познат бренд не користи бесплатен е-маил сервис како google и Пример. Stopanskabanka123@gmail.com

Внимавајте на електронска пошта добиена од непознато лице или емаил адреса и не кликнувајте на линковите во поштата. Доколку станува збор за известување од некој сајт или трговец каде што немате пазарено, веднаш избришете го од вашето сандаче.

Избегнувајте да отварате web страни преку линкови на електронска пошта. Секогаш настојувајте да ја напишете рачно страната или користете ги вашите обележани страни во пребарувачот.

Ако се претплатувате за услуга, бидете сигурни дека претплатата се однесува само на оној период за којшто сте заинтересирани. Не се согласувајте на нешто, коешто не го разбирате во целост – договор склучен на web страница е законски обврзувачки.

Зачувајте ја целокупната комуникација со трговецот во еветуален случај на спор и водете евиденција за направените плаќања преку интернет

НИКОГАШ не го давајте бројот на картичката преку телефон, освен доколку вие самите сте иницијатор на повикот за реализирање на трансакција.

 

Превентивни мерки поставени од Стопанска банка

Превентивно, Стопанска банка времено ја има блокирано можноста за подигнување на готовина од банкоматите во следните држави во светот.

Танзанија

Тајланд

Индонезија

Мексико

Белизе

Перу

Порторико

Индија

Непал

Девствени острови

Дополнително Стопанска Банка има поставено одредени превентивни мерки кои се во насока на заштита на клиентите од можна злоупотреба на картичките:

Дневен лимит за трансакции во трговија направени во Америка

Дневен лимит за трансакции во трговија направени во Бразил.

Целосно ограничување на екомерц трансакции кај трговци кои потекнуваат од Бразил.

Дневен лимит за бесконтактни трансакции без пин (покрај поединечниот по трансакција кој за MasterCard е до 750 ден. а за Visa до 1.100 ден)

Достава на бесплатни СМС пораки за одредени трансакции за кои Банката смета дека се ризични

 

 

MasterCard и VISA бесконтактни картички

Бесконтактната технологија е последниот развоен чекор кај картичките и овозможува брзи, лесни и сигурни плаќања насекаде во светот.

Стопанска банка АД Скопје започна со издавање на бесконтактни кон крајот на 2015 година, а сега веќе сите кредитни и дебитни картички кои ги издава банката се со бесконтактна технологија,

Повеќе информации и често поставувани прашања поврзани со бесконтактните картички и плаќања се достапни на следниот линк.