header image header image

Сонуваме. Менуваме vol. 5

Повик за грантови за Асоцијации на лица со посебни потреби

Како и претходните години, во рамки на "Сонуваме. Менуваме" Стопанска банка ќе одобри грантови за реализација на проекти на Асоцијациите на лица со нетипичен развој за што информираше преку јавниот повик.

Претходните 4 изданија на проектот „Сонуваме. Менуваме.“ донесоа 36 успешно реализирани проекти во соработка со Асоцијациите со кои се гордееме.

Дополнително, продуцирани беа едукативни видеа со кои им се обраќаме на децата да им покажеме дека без оглед на разликите, сите сонуваме на ист начин и сите сакаме свет без предрасуди.

Инклузивна претстава со 5 плус Фамилија

Време е за #СонувамеМенуваме


Повелете на уште едно спектакуларно дружење со омилените ликови од 5+ Фамилија на сцената на МНТ!

Подготвивме WOW инклузивна претстава која повторно ќе не натера да размислуваме и да делуваме за создавање на подобар свет за сите.

Омилените детски ликови од 5+ фамилија со рамноправни учесници од неколку асоцијации за деца со посебни потреби, преку театарска игра ќе ја пренесат пораката дека разликите не треба да не разделат, туку напротив да нѐ сплотат со цел да создадеме општество какво што сонуваме да имаме.

Билети по цена од 250денари се достапни за продажба во билетарницата на МНТ.

 

Термини:

ПРЕМИЕРА: Среда 20.12 од 20часот

Четврток 21. 12:
- 17:30часот
- 19:30часот

Вторник 26.12 од 19часот

Среда 27.12 од 19часот

 

Забелешка за приватност: Настаните ќе бидат снимани и фотографирани по што материјалите ќе бидат објавени на веб-страницата и профилите на социјални медиуми на Банката со цел известување за реализираното.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.