Кредитни картички

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 ОКТОМВРИ, 1000 СКОПЈЕ

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

MASTERCARD STANDARD - Кредитна картичка

 

За поднесување барање преку интернет кликнете на АПЛИЦИРАЈ ONLINE, во секое време од денот:

 

 

 

 

 

Промотивно

 

Клиентите кои ќе аплицираат до 20.09.2018 за MasterCard кредитните картички, во овој период добиваат промотивна каматна стапка од само 4,9% која за нив ќе биде во примена до крајот на 2018 година.

 

Промотивната каматна стапка важи како за трансакциите направени во трговија, така и за готовинските трансакции (подигнувања од шалтер или АТМ). По истекот на промотивниот период, во примена ќе бидат редовните каматни стапки наведени подолу.

 

 

ПРОМО КЕШ ВИКЕНД

ПРОМОЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА! Корисниците на Visa/MasterCard кредитните картички на Стопанска банка секогаш добиваат повеќе. И во оваа година СБ ја продолжува промотивната понуда со можноста за подигнување на готовина без провиција во текот на последните викенди од секој месец во 2018 г. Промотивната понуда важи само за подигнувањето на готовина од банкоматите на Стопанска банка.

 

Месец Промо Викенд
Јануари 26.01 - 28.01.2018
Февруари 23.02 - 25.02.2018
Март 30.03 - 01.04.2018
Април 27.04 - 29.04.2018
Мај 25.05 - 27.05.2018
Јуни 29.06 - 01.07.2018
Јули 27.07 - 29.07.2018
Август 24.08 - 26.08.2018
Септември 28.09 - 30.09.2018
Октомври 26.10 - 28.10.2018
Ноември 23.11 - 25.11.2018
Декември 28.12 - 30.12.2018

 

 

 

Карактеристики на MasterCard кредитна картичка

 

КОМПАРАТИВНИ ПРЕДНОСТИ

 

• Moжност за плаќање до 36 месечни рати БЕЗ КАМАТА

 • Кредитните и дебитните картички на Стопанска Банка се први во РМ кои го поседуваат 3D Secure стандардот (VbV и MC SecureCode) кој озвозможува извршување на интернет трансакции со високо ниво на безбедност насекаде во светот.

• Можност за минимално месечно плаќање само 3% од вкупниот долг Бескаматен грејс период до 45 дена за плаќање во трговија при целосно подмирување на долгот

• Без провизија при плаќање во трговската мрежа

• Најповолни услови за подигнување на готовина од банкомати и шалтери на Стопанска банка Без депозит, без жиранти, без административна забрана, без меница

• Брза и едноставна процедура на аплицирање во Филијалите на СБ

Користење на картичката Meѓународна кредитна картичка, за користење во земјата и во странство за: Плаќање во трговија Подигање на готовина на банкомати и шалтери

 
Валута
МКД (денарски кредитен лимит)
 
Кредитен лимит
Максимум 300.000 денари во зависност од висината на примањата на клиентот

 

Период на важност
•  Прво издавање - 2 (две) години
•  Обновување - 3 (три) години 

 

Каматни стапки

 

Промотивно: За сите поднесени или одобрени барања за нова MasterCard кредитна картичка до 20.09.2018 во примена ќе биде годишна каматна стапка од 4.9% за сите трансакции до крајот на 2018 година.

 

Редовни каматни стапки:

Годишни, променливи

11,00% - редовна каматна стапка
9,90% - за корисници кои примаат плата преку СБ, редовни во отплата

Каматата се пресметува на искористениот износ. 0% каматна стапка на трансакциите на рати без камата (се додека ратите не доспеат за плаќање)

- Рефинансирање на долг по кредитни картички од други банки ќе биде направено под горенаведените каматни стапки во зависност од категоријата на клиентот, освен во случај на промотивна понуда
 
Годишно членство   

за прво издавање 
Бесплатни кредитни картички за првата година на издавање 
за 3 картички - основната и 2 дополнителни картички

По истекот на првата година, сите клиенти добиваат можност за целосно или делумно ослободуваше од трошокот за чланарина, во зависност од обемот на користење на картичката и/или останатите прозиводи на Стопанска банка.

Доколку клиентот во текот на последните 12 месеци доцнел повеќе од 45 дена во отплатата на месечните минимални обврски, банката ќе наплати 1500 МКД годишна членарина.

Сите останати клиенти се квалификуваат за некои од следниве основи за попусти во годишната членарина:


0 МКД односно целосно ослободување од годишната членарина добиваат корисниците кои исполнуваат било кој од следниве услови (попусти):
    • Годишен промет од мин. 90.000 МКД направен со основната или дополнителните картички во трговската мрежа во земјата или странство (вклучително и интернет прометот)
    • Корисник на станбен кредит или кредит со обезбедување од СБ
    • Картичката е издадена врз основа на залог депозит

395 МКД членарина за клиентите кои примаат пензија во СБ и се корисници на сервисот за електронска (e-mail) достава на месечните прегледи за картичката

595 МКД членарина за клиентите кои примаат пензија во СБ, а месечните прегледи ги добиваат по пошта

695 МКД членарина за клиентите со или без плата во СБ и се корисници на сервисот за електронска (e-mail) достава на месечните прегледи за картичката

895 МКД членарина за клиентите со или без плата во СБ, а месечните прегледи за картичката ги добиваат по пошта



ПОДИГАЊЕ НА ГОТОВИНА
 

 

Во мрежата на СБ (банкомати и филијали)

1.5% од износот на трансакцијата направена на банкомат и 5% доколку трансакцијата е направена во некоја од филијалите на Банката.

 

На шалтери и банкомати на други банк во земјата и во странство

• 100 денари фиксен износ и 3% од износот на трансакција

 

 

КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ

 MasterCard Standard кредитната картичка може да се користи на домашни и странски интернет сајтови за извршување на e-commerce трансакции со високо ниво на безбедност.

 

НАЧИН НА ОТПЛАТА 

За сите иматели на тековна сметка во СБ, можна е отплата:

•  со траен налог преку плаќање на минималниот износ од 3% или плаќање на вкупниот долг од 100% или
•  преку i-bank услугите на СБ
 
МОЖНОСТ ЗА КУПУВАЊЕ НА РАТИ БЕЗ КАМАТА

•  Можност за купување на еднакви месечни рати БЕЗ КАМАТА кај повеќе од 1000 трговци партнери на Стопанска банка (Нептун, Техномаркет, АМЦ, Пеко, Студио модерна, СЕТ, Симпо и многу други)
•  Можност за купување на 2,3,4,5, 6,10,12,18,24 и 36 рати
•  Вкупниот износ на трансакцијата на рати треба да е во рамки на расположливитот кредитен лимит, а ратите достасуваат како фиксни износи за плаќање , без камата, секој месец во зависност од избраниот број на рати и се вклучуваат во минималниот износ на плаќање со 3% од достасаната рата 

•  Само кај оние Трговци кои склучиле Договор за соработка со СБ за плаќање на рати без камата 

КРЕДИТНИ КРИТЕРИУМИ

•  Физички лица, Државјани на Р.Македонија
•  Возраст на корисникот: од 20 до 67 години на денот на аплицирање;
•  Минимално месечно примање – 8.100 МКД
 
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

•  Пополнето барање за MasterCard кредитна картичка
•  Фотокопија од важечка лична карта
•  За клиенти кои земаат плата/пензија во СБ, само извод од трансакциска сметка за последните три месеци
    За клиенти што не земаат плата во СБ, потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена) а по потреба и други документи за доказ за висина на месечни примања. Вработените кои платата не ја примаат во СБ и работат во приватни фирми кои не се акционерски или државни/јавни установи потребно е да достават и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последниот месец. 

•  ЗА РЕФИНАНСИРАЊЕ - Барање и согласност за рефинансирање на долгот ; 2 последни извештаи за кредитната картичка чиј долг се рефинансира и фотокопија од лична карта на лицето чиј долг се рефинансира. 

•  Друга документација по барање на банката.



ИНФОРМАЦИИ

Во Контакт Центарот на Стопанска Банка, можете 24 часа, секој ден во неделата, да се обратите за било која информација во врска со картичката како и за сите случаи на губење или кражба на картичката, на следните телефонски броеви: + 389 (0)2 3100-109

 

ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ

Поднесете го барањето online на следниот линк или аплицирајте во било која од филијалите на Банката. Барањето можете да го превземете тука.

За интегриран преглед на карактеристиките на MasterCard кредитна картичка притиснете тука.