header image header image

Кредит за млади

Карактеристики

ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ЗА МЛАДИ

Компаративни предности

  • Наменски кредит со поволни ценовни услови наменет за лица од наполнети 18 години возраст до и со наполнети 35 години возраст на датумот на аплицирање (краен корисник на кредитот)

  • Без трошоци за предвремена отплата

  • Можност за вклучување на осигурување од незгода

  • Можност за вклучување на животно осигурување

Износ 

Денарски кредит од 15.000 до 300.000 МКД односно од 300.001 до 1.500.000 МКД

Денарски кредит со девизна клаузула од 250 до 5.000 ЕУР, односно од 5.001 до 25.000 ЕУР

Исплата

Средствата од одобрениот кредит се исплаќаат на платежната сметка на физичкото лице во СБ, од каде што се пренесуваат на продавачот/давателот на услуга

Валута: Денарски кредит, денарски кредит со клаузула во евра

Намена на кредитот

  • Високо образование во земјата
  • Високо образование во странство
  • Апсолвентска екскурзија
  • Постдипломски студии
  • Докторски студии
  • Стручно усовршување (специјализации, ИТ Академии итн.)
  • Work & travel програми
  • Полагање возачка дозвола (B, C, D, E категорија)

 

Ценовни услови

Годишни каматни стапки

  Останати клиенти со плата/пензија во СБ Клиенти вработени во јавен сектори и компании со повластени услови
Фиксна каматна стапка за 5 г. во MKД / ЕУР - без осигурување 4.20% 3.50% 3.50%
Фиксна каматна стапка за 5 г. во MKД / ЕУР - со осигурување од незгода 4.00% 4.00% 4.00%
Фиксна каматна стапка за 5 г. во MKД / ЕУР - со животно осигурување 3.80% 3.80% 3.80%
Променлива каматна стапка во MKД / ЕУР 8.50% 7.65% 7.23%

 

Рок на отплата (зависно од изнoсот на кредитот)

- за денарски дредити: Минимум 6 месеци а максимум до 91.500 МКД - 60 месеци. Од 91.501-300.000 МКД до 84 месеци

- за денарски кредит со девизна клаузула од 6 до 120 месеци 

Отплата

Еднакви месечни ануитети.

  • За сите иматели на трансакциска сметка во СБ, можна е отплата со траен налог или преку дигиталните услуги на СБ
  • За целосна или делумна предвремена отплата, 0 % провизија доколку таа се врши во период по првите 20 % од иницијално договорениот рок на отплата, во спротивно провизијата изнесува 3 % (само за кредити обезбедени со залог на недвижен имот).

Трошоци

  • Апликативен трошок од 600 МКД за сите клиенти
  • 2.000 МКД трошок за обработка на барањето вклучен во износот на кредитот
  • За кредити над 920.000 МКД, нотарски трошоци за заверка на договорот.
  • Од 610.000 МКД до 920.000 МКД согласност од брачен другар.

 

Кредитни критериуми

  • Мора да биде вклучено физичко лица резидент, во редовен работен однос
  • Крајниот корисник на кредитот може да биде невработено лице и во тој случај како кредитобарател може да се јави било кое лице прифатливо за Банката, додека крајниот корисник мора да биде вклучен во кредитот како кокредитобарател
  • Минимален месечен приход:
    • За кредити до 610.000 МКД/10.000 ЕУР:
    - мин. приход 12.000 МКД за сите клиенти и пензионери во други банки
    - мин. приход 10.000 МКД за пензионери во СБ
    • За кредити од 610.001 МКД/10.000 ЕУР до 920.000 МКД/15.000 ЕУР
    - мин. приход 24.000 МКД за кредитобарателот. Доколку приходите се до 30.000 МКД мора да биде вклучен кокредитобарател
    * 10 % толеранција на двата прага за минимум приход односно 21.600 МКД и 27.000 МКД
    • За кредити од 920.001 МКД/15.001 ЕУР до 1.200.00 МКД/20.000 ЕУР
    - мин. приход 30.000 МКД за кредитобарателот. Доколку приходот е до 36.000 МКД, мора да биде вклучен еден кокредитобарател со мин. приход 15.000 МКД.
    • За кредити од 1.200.001 МКД/20.001 ЕУР до 1.500.000 МКД/25.000 ЕУР - мин. приход 35.000 МКД за кредитобарателот. Доколку приходот е до 45.000 МКД, мора да биде вклучен еден кокредитобарател со мин. приход 15.000 МКД.
  • Возраст на клиентот:
    Крајниот корисник може да има мин. 18 години и макс. 35 години на денот на аплицирање
    Доколку крајниот корисник е лице со наполнети 18 или 19 години возраст, задолжително е вклучување на кокредитобарател
  • Сопствено учество: Минимум 15 % од износот на Профактурата за кредити во висина над МКД 1.200.000/ЕУР 20.000
    • За клиенти со плата во СБ/клиенти без плата во СБ и клиенти без пензија во СБ – од 20 години на денот на аплицирање до 67 години на денот на отплата на кредитот.
    • За клиенти со пензија во СБ – до 67 години на денот на отплата

Можност за вклучување кокредитобарател

  • Освен лице кое е член на потесно семејство (родител, дете, сопруг/а), кокредитобарател може да биде и лице кое ги задоволува следните услови:
    - да е клиент со плата во СБ, или
    - да е клиент со постоен кредитен производ во СБ или во друга банка и со добра кредитна историја
  • 100 % од примањата и задолжувањата на кокредитобарателите влегуваат во пресметките за кредит.

Документација

Потребни документи при аплицирање

  1. Барање за потрошувачки кредит*

  2. Профактура од продавачот/давателот на услуга

  3. Копија од лична карта/пасош*

  4. За клиенти кои земаат плата во СБ, извод од трансакциска сметка за последните 6 месеци*
    За сите останати: Чек од пензија/Потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од работодавецот (не постара од 30 дена), а по потреба и други документи за доказ за висина на месечни примања за последни 6 месеци.

  5. Други документи по барање на Банката

  6. Извод од матична книга на родени (не постар од 6 месеци)/ венчани*

  7. Согласност за доставување извештај од Македонско кредитно биро АД Скопје

*Се однесува на кредитобарател и ко-кредитобаратели

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.