Кредитни картички
Mastercard Standard
Mastercard Standard
За производот
Промотивно 4,9% каматна стапка до крајот на годината за сите апликации примени до 30.09.2026
Предности на картичката
- Меѓународна бесконтактна кредитна картичка поврзана со денарска сметка
- Можност за трансакции до 36 рати без камата
- Можност за подигнување на готовина без провизија секој последен викенд во месецот за време на промо КЕШ викендот
- Месечна отплата на 3% од вкупниот долг
- Бескаматен грејс период од 45 дена при целосно подмирување на долгот (за трансакциите направени во трговската мрежа)
- Максимален кредитен лимит од 300.000 денари, во зависност од примањата на клиентот
- Брза и едноставна процедура за аплицирање во филијалите на СБ, на 24/7 телефон 15-110 или на линкот.
- Бесплатно патничко осигурување со покритие од 20 дена со важност од 365 дена
- Можност за додавање на картичката во Google Wallet и Apple Wallet
- Kартичката е специјално дизајнирана платежна картичка со тактилни засеци за да им помогне на корисниците да ги идентификуваат и разликуваат своите картички
- Кредитна картичка: Аголен засек
- Картичката е изработена од 100% рециклиран PVC.
Употреба
- Плаќање во трговската мрежа без провизија
- Следење и управување со сметката преку сервисот за електронско банкарство на СБ
- Подигнување на готовина од банкомати и шалтери по најповолни услови
- Овозможена за користење во државата и во странство
- Овозможена за плаќање преку интернет со највисоко ниво на заштита со 3D-Secure стандард за БЕЗБЕДНИ купувања
- Максимална возраст за активно користење на кредитниот лимит на картичката е 75 години
- Можност за поставување и управување со трансакциски лимити и блокирање/деблокирање на платежни картички преку e-banking/m-banking на Стопанска банка
Ценовни услови
Каматни стапки
Промотивно 4,9% каматна стапка до крајот на годината за сите апликации примени до 30.09.2026
- 8,55% променлива за клиенти со плата/пензија во СБ
- 9,50% променлива за други клиенти
- 0% камата за трансакциите на рати без камата кај трговските партнери на СБ
- Каматата се пресметува само на искористениот износ
- Рефинансирање на долг од кредитни картички и кредитни картички од други банки се прави по наведените каматни стапки во зависност на категоријата на клиентот
Членарина
- Бесплатна за првата година.
- 0 денари членарина
- со остварен промет од 90.000 денари во трговија во текот на една година
- Корисник на станбен кредит или кредит со обезбедување од СБ
- Картичката е издадена врз основа на залог на депозит
- 395 денари членарина за клиенти што примаат пензија во СБ и корисници на сервисот за достава на месечните извештаи за картичката преку електронска пошта
- 595 денари членарина за клиенти што примаат пензија во СБ и месечните извештаи за картичката ги добиваат по пошта
- 695 денари членарина за клиенти што ја примаат или не ја примаат платата во СБ и се корисници на сервисот за достава на месечните извештаи за картичката преку електронска пошта
- 895 денари членарина за клиенти што ја примаат или не ја примаат платата во СБ и ги добиваат месечните извештаи за картичката по пошта
- Доколку клиентот во текот на последните 12 месеци доцнел повеќе од 60 дена во отплатата на месечните минимални обврски нема право на погоре наведените попусти и Банката ќе го наплати целиот износ од 1500 денари годишна членарина
- Без трошок за изработка на дополнителна картичка.
Провизии и други надоместоци
- За подигнување на готовина од банкоматите на СБ денарската сметка се задолжува за провизија од 2.5% но не помалку од 250 МКД од износот на трансакцијата.
- За подигање на готовина на шалтер на СБ се задолжува денарската сметка за 2.5% од износот на трансакцијата но не помалку од 250 МКД.
- За подигање на готовина од банкоматите и шалтери на други банки во Р.Северна Македонија и странство денарската сметка се задолжува со провизија од 250 МКД + 2.5% од подигнатиот износ.
- Издавање на нов ПИН изнесува 200 МКД.
- Трошокот за реиздавање на картичка поради кражба, губење, оштетување или промена на податоци изнесува 350 МКД
Критериуми и документи
Кредитни критериуми
- Физички лица државјани на Република Северна Македонија
- Возраст на корисникот- од 20 до 67 години на денот на аплицирање
- Минимални примања од 12.000 денари
Потребни документи
- Лично пополнета и потпишано барање за MasterCard кредитна картичка
- Важечка лична карта
- За клиенти што примаат плата/пензија преку СБ
- извод од трансакциска сметка од последните 6 месеци
- За клиенти што не примаат плата/пензија
- Потврда за редовно вработување не постара од 30 дена, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот
- По потреба и друга документација за доказ за висина на месечни примања
***Преддоговорни информации за кредитните картички
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на

