

За банката
Корпоративно управување
Корпоративно управување
Менаџмент
Управен одбор
Генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор
Диомидис Николетопулос
КРАТКА БИОГРАФИЈА
- Повеќедецениско работно искуство во финанскиски сектор
- Работно искуство во СБ: од 2009
- Генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на СБ од 2013 година. Претходно беше на позиција генерален директор за банкарство на мало, финансиски и оперативни активности во СБ во периодот од 2009 до 2013 година. Пред доаѓањето во СБ, г-динот Николетопулос работел на високи менаџерски позиции во банкарскиот сектор, вклучително финансиски директор на реномирани грчки банки како што се Eurobank, Aspis Bank и Laiki Bank. Претходно кариерата ја гради во реномираната ревизорска куќа KPMG каде што работи како ревизор во период од 10 години.
- Господинот Николетопулос е магистер по Маркетинг-менаџмент при Универзитетот Дерби - Англија и има дипломирано на насоката Бизнис администрација при Универзитетот за економија и бизнис - Грција.
Генерален Директор за корпоративно банкарство, член на Управен Одбор
Генерален директор за банкарство на мало, член на Управниот Одбор
Милица Чапаровска - Јовановска
КРАТКА БИОГРАФИЈА
- Повеќедецениско работно искуство во финанскискиот сектор
- Работно искуство во СБ: од 1990
- Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор на СБ од 2013 година. Пред да му се приклучи на менаџерскиот тим на СБ, својата кариера успешно ја градеше на различни позиции во СБ, вклучително и директор на Секторот за банкарство на мало и директор на Секторот за производи.
- Госпоѓата Чапаровска-Јовановска е дипломиран економист на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и МБА кандидат на Економскиот факултет при Универзитетот Љубљана - Словенија.
- Членства во други одбори и организации: член на Надзорен одбор на Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје (од декември 2021 г.)
Генерален директор за управување со ризици, член на Управниот Одбор
Генерален Директор за трансформација и стратегија, член на Управен одбор
Евангелија Калуптси
КРАТКА БИОГРАФИЈА
- Работно искуство во финанскиски сектор: повеќе од 24 години
- Работно искуство во СБ: од 2024
- Генерален директор за стратегија и трансформација и член на Управниот одбор на СБ од 2025 година.
- Работното искуство во NBG групацијата го започнува во 2000 година, со тоа што од 2009 ја извршува функцијата сениор директор во Секторот за меѓународни операции за Стопанска банка но и за банките на NBG групацијата во Египет, Турција, Малта, Кипар и Романија.
- Госпоѓа Калуптси има завршено MBA студии на Golden Gate University во Калифорнија, САД, во 2006, а има дипломирано на Panteion University во Атина, Грција во 2001 година.
Генерален директор за финансии, член на Управниот одбор
Мирјана Трајановска
КРАТКА БИОГРАФИЈА:
- Повеќедецениско работно искуство во финанскискиот сектор
- Работно искуство во СБ: од 1990
- Генерален директор за финансии, член на Управниот одбор од 2025 година
- Госпоѓа Трајановска има импресивни академски достигнувања - Докторат од Економскиот институт од Скопје во 2015 година, Магистратура од Државниот универзитет на Словенија во 2009 година и е дипломиран економист при Економскиот факултет, Скопје од 1988 година.
- Посветувајќи ја својата кариера во Стопанска банка, г-а Трајановска во 1990 започнува како помлад офицер и со постојани унапредувања се искачува низ хиерархијата во Секторите за ликвидност, финансии, сметководство и буџетирање достигнувајќи ја во 2013 позицијата сениор директор за ликвидност и финансии.
- Членства во други одбори и организации: Претседател на Надзорен одбор на Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје (од 2024 година).
Надзорен одбор
Надзорниот одбор ја усвојува стратегијата и Бизнис планот на Стопанска банка и го надгледува работењето на Управниот одбор и лицата надлежни за функциите на контрола. Надзорниот одбор е составен од седум членови именувани од Собранието на акционери со мандат од четири години со право на реизбор. Најмалку ¼ од членовите на Надзорниот одбор се независни членови.
- Маринис Стратопулос - Претседател на Надзорен одбор на СБ
- Сашо Ќосев - Заменик Претседател, Независен член на Надзорен одбор на СБ
- Владимир Филиповски - Независен член на Надзорен одбор на СБ
- Георгиос Тагарис - член на Надзорен одбор на СБ
- Георгиа Толиа - член на Надзорен одбор на СБ
- Панајотис Карандреас - член на Надзорен одбор на СБ
- Димитра Доима - член на Надзорен одбор на СБ
Организациона структура
Стопанска банка е една од најголемите, најпрофитабилни и стабилни системски банки во Република Северна Македонија со високо софицистициран и ефективен систем на корпоративно управување изграден следејќи ги стандардите на НБГ Групацијата, важечкото законодавство во земјата и стратешките потреби на Банката. Одговорно корпоративно управување е највисок приоритет на Стопанска банка кое е во насока на поддршка на реализацијата на Стратегијата на Банката, со висока ефикасност и интегритет.
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на