header image header image

Visa Direct

Visa direct

Испрати и прими пари веднаш на Visa картичка. Брзо. Лесно. Сигурно - со Visa Direct и Visa+ преку Стопанска банка

Visa Direct и Visa+ се сервиси во сопственост на Visa Inc. кои се интегрирани на е-банкинг и м-банкинг сервисот на Стопанска банка на тој начин овозможувајќи испраќање и примање пари во секое време директно на Visa платежни картички, брзо, лесно и сигурно. Префрлањето на средства кон Visa картички се извршува во реално време, а примачот ги добива парите на својата картичка за само неколку секунди.

Visa Direct сервисот е достапен за клиенти кои го користат е-банкинг и м-банкинг сервисот на СБ и имаат активна платежна сметка, активна платежна картичка и ажурирани податоци во банката.

Visa Direct овозможува брз, сигурен и едноставен трансфер на средства помеѓу физички лица (P2P), без потреба од сложени банкарски податоци, и тоа на два начини:

  • кон број на Visa картичка доколку испраќачот го знае 16-цифрениот број на Visa картичката на примачот или
  • кон мобилен број (Visa+), каде што се користи само мобилен број на примачот за да се реализира плаќањето. Испраќање со мобилен број (алиас т.е кон Visa+ корисник) е возможно само доколку примачот има креирано свој алиас (Visa+ профил) во банката каде што користи Visa картичка (ја поврзал својата картичка со алиас-мобилен број).

Во моментов Visa Direct сервисот е достапен за пренос на средства само кон Visa картички во земјата, а дополнително во скоро време ќе биде овозможен и за пренос на средства кон Visa картички издадени од странски банки.

Процесирањето на трансакции преку Visa Direct и Visa+ преку Стопанска банка во моментов е БЕЗ ТРОШОК. Дополнително ќе следува известување за воведување на надомест.

Зошто Visa Direct преку Стопанска банка?

  • Брз трансфер на пари
  • Средствата пристигнуваат за само неколку секунди
  • Без потреба од банкарски податоци
  • Доволен е бројот на картичката или мобилниот телефонски број на примачот (доколку е овозможен Visa+ сервисот од примачот)
  • Сигурност при трансфер на средства
  • Visa мрежата нуди високо ниво на безбедност при секоја трансакција
  • Достапност 24/7
  • Без разлика дали е викенд, празник или полноќ – сервисот функционира секогаш и во секое време

Visa+ сервисот преку Стопанска банка овозможува:

  • Безбеден трансфер преку мрежата на Visa Inc.
  • Нема потреба од број на картичка – доволен е само мобилен број на примачот
  • Работи со повеќе банки и апликации (доколку се поддржани од Visa+)
  • Идеално за праќање пари до пријатели, семејство или разделени сметки во различни банки

 

Упатство за Visa Direct преку мбанкинг

Упатство за Visa Direct преку ебанкинг

 

Најчесто поставувани прашања

Visa Direct е сервис на Visa што овозможува испраќање пари директно до Visa платежна картичка.

Visa+ овозможува плаќања без да се споделува бројот на дебитната картичката или банкарската сметка. Наместо тоа, трансферот се прави преку единствен алиас идентификатор (на пример мобилен број) поврзан со Visa+ профил. Visa+ е услуга што користи Visa Direct во позадина, но нуди поедноставен начин за плаќања, без споделување на број на дебитната картичка. Кога се испраќа пари преку Visa+ трансферот реално се изведува преку Visa Direct. Стопанска банка го нуди Visa+ како дел од Visa Direct услугата.

Алиас е уникатен идентификатор, телефонски број, e-mail или псевдоним кој се користи за заменување на чувствителни информации за платежна картичка или платежна сметка поврзана со платежна картичка при извршување платежни трансакции преку Visa/MasterCard. Алиjасот се создава од страна на Корисникот и се поврзува со платежната картичка на Корисникот или неговата платежна сметка со цел да се олесни процесот на извршување на трансакции, намалувајќи го ризикот од злоупотреба на чувствителни податоци.

Visa Direct плаќањата се извршуваат во реално време, а средствата се на располагање на платежната картичка на примачот веднаш - за само неколку секунди/минути се достапни за плаќање со платежната Visa картичка.

Да, Visa Direct/Visa+ сервисот е достапен 24/7. Во секое време можете да испратите и примите пари, вон работно време, во викенди и празници.

На м-банкинг:

  • Најавете се на м-банкинг на Стопанска банка
  • Изберете ја сметката која е поврзана со дебитна картичка (Visa или Mastercard)
  • Изберете го табот Налози
  • Изберете Visa Direct плаќање од листата на налози
  • На следниот екран дозволете да се вчитаат сите контакти кои ја поврзале својата Visa картичка со својот мобилен број
  • Изберете го посакуваниот корисник/мобилен број кон кој сакате да пратите пари
  • Внесете го износот кој сакате да го испратите
  • Стиснете на копчето Испрати пари во долниот дел од екранот, потврдете ја трансакцијата со софтверски токен/биометрија - и готово!

На е-банкинг:

  • Најавете се на е-банкинг на Стопанска банка
  • Изберете Налози преку платежната сметка која е поврзана со вашата дебитна платежна картичка
  • Изберете Visa Direct плаќање од листата на налози
  • Изберете Плаќање кон кон мобилен број
  • Изберете Додај нов и внесете го телефонскиот број на примачот во формат 3897XXXXXXX. Ќе успеете да креирате плаќање кон телефонски број само доколку примачот креирал Visa+ профил во својата банка.
  • Изберете го внесениот телефонски број по што ќе се отвори формата за плаќање
  • Внесете го износот на трансакцијата, потврдете ја трансакцијата со софтверски токен/биометрија преку мобилната апликација – и готово!

На м-банкинг:

  • Најавете се на м-банкинг на Стопанска банка
  • Изберете ја сметката која е поврзана со дебитна картичка (Visa или Mastercard)
  • Изберете го табот Налози
  • Изберете Visa Direct плаќање од листата на налози
  • На следниот екран дозволете да се вчитаат сите контакти кои ја поврзале својата Visa картичка со својот мобилен број
  • Изберете ја опцијата Испрати пари кон број на картичка во долниот дел од екранот
  • Внесете ги податоците кои се задолжително во формата за плаќање: 16-цифрениот број на картичка на примач, износ, име, презиме, адреса и град на примач
  • Притиснете на копчето Испрати пари во долниот дел од екранот, потврдете ја трансакцијата со софтверски токен/биометрија - и готово!

На е-банкинг:

  • Најавете се на е-банкинг на Стопанска банка
  • Изберете Налози преку платежната сметка која е поврзана со вашата дебитна платежна картичка
  • Изберете Visa Direct плаќање од листата на налози
  • Изберете Плаќање кон Visa картичка
  • Внесете ги 16-цифрениот број на Visa картичката на примачот, износот на трансакцијата, името и презимето, адресата и градот на примачот, потврдете ја трансакцијата со софтверски токен/биометрија преку мобилната апликација - и готово!

Во менито АПЛИЦИРАЈ ЗА е поставен сервисот за креирање на Visa+ профил преку кој можете да го поврзете вашиот мобилен број со вашата Visa дебитна картичка. На овој начин креирате алиас преку кој други Visa+ корисници можат да ви префрлат пари на дебитната картичка без да го знаат бројот на вашата картичка, но го знаат вашиот мобилен број кој во случајов се користи како алиас за плаќање.

Visa Direct сервисот за префрлање на пари на Visa картички е достапен во секое време, а извршувањето на трансакции е возможно и во неработни денови.

  • Најавете се на е-банкинг на Стопанска банка
  • Изберете Visa+ профил од менито АПЛИЦИРАЈ ЗА
  • Изберете Активирај за да продолжите со активацијата на Visa+ профил
  • Проверете го регистрирарион мобилен број, изберете една од дебитните картички од листата на која сакате да примате средства и изберете Потврди
  • Изберете Потврди доколку се согласувате да се активира Visa+ профилот
  • Внесете го еднократниот код за активација кој го добивте преку СМС на мобилниот број регистриран во банката и изберете Потврди
  • Вашиот Visa+ профил е успешно активиран! Сега можете да примате пари без да споделувате број на картичка. Само споделете го Вашиот мобилен број со пријателите кои имаат можност да испраќаат пари преку Visa+.

Платежната сметка на испраќачот на средства се задолжува следниот работен ден од датумот на трансакцијата за износот на направената трансакција (и провизија доколку е во примена, согласно тарифата на Банката).

Состојбата на платежната картичка се ажурира веднаш за износот на трансакцијата и провизијата.

Доколку примач и испраќач се картички во СБ – книжење на средствата на платежната сметка се извршува следниот работен ден.

Доколку испраќачот е од друга банка, а примач е картичка во СБ – парите се на располагање на СБ картичката веднаш, а книжењето на средствата на сметка се извршува во рок од 2 работни дена.

Доколку примач е картичка во друга банка – книжење на средствата на платежната сметка во другата банка се извршува согласно условите на банката издавач на картичката. Согласно правилата на Visa Inc., средствата задолжително треба да бидат на располагање на картичката веднаш, но книжењето може да се изврши во рок од 3 работни дена, согласно интерните правила на банката.

Да, трансакциите од тековниот датум се евидентираат во делот Трансакции во тек на е-банкинг, односно во резервирани средства на м-банкинг. На денот на извршеното книжење на сметка, трансакциите се на увид во менито за дневни трансакции, а потоа и во Извод од сметка. Заради полесно препознавање, трансакциите во својот опис содржат Visa Direct.

Расположливата состојба на картичката ќе Ви се ажурира за износот кој Ви бил пратен од другата банка.

Во мобилната апликација на СБ можете да ја видите трансакцијата во Резервирани средства на платежната сметка на која ги очекувате средствата.

На веб електронското банкарство можете да ја видите трансакцијата во Трансакции во тек во платежната сметка на која ги очекувате средствата.

Трансакцијата е на увид во Резервирани средства/ Трансакции во тек, а износот Ви е на располагање на платежната картичка и можете веднаш да ги користите.

Да, поставени се дневни и месечни трансакциски лимити по плаќач и по примач.

Тип на трансакциски лимит*

Дневен лимит

Месечен лимит

 

Во земјата

Во странство*

Во земјата

Во странство*

Бр. на трансакции по праќач

                   10

                        2

                   50

                      10

Вкупен износ по праќач

         250.000 МКД

           120.000 МКД

         500.000 МКД

           120.000 МКД

Бр. На трансакции по примач*

                   10

                      10

                 300

                    100

Вкупен износ по примач

         250.000  МКД

           120.000 МКД

         500.000 МКД

           120.000 МКД

*плаќањата во странство ќе бидат дополнително овозможени

*лимитите од табелата се однесуваат само за плаќањата кон картички од други банки, а за интерните плаќања важат постојните ебанкинг лимити

*лимитите по примач се однесуваат на плаќања од Вашата сметка кон одреден број на картичка/мобилен број

Не, во моментов промотивно можете да вршите плаќања кон Visa картички БЕЗ НАДОМЕСТ.

Дополнително ќе следува известување за воведување на надомест за Visa Direct плаќања.

Да, морате да имате платежна картичка во СБ за да извршите Visa Direct плаќање. Платежната сметка од која сакате да извршите плаќање мора да биде поврзана со дебитна платежна картичка.

Не, Visa Direct плаќање е овозможено само од денарска сметка поврзана со дебитна платежна картичка за физички лица.

Не. Плаќање можете да извршите само од денарска платежна сметка која е поврзана со дебитна картичка за физичко лице (Visa Classic, Visa Gold, Mastercard или Visa Internet картичка).

Не, примачот не може да прими средства на картичка која е блокирана или истечена. Преку Visa Direct сервисот се извршуваат картични трансакции за кои важат истите правила како и за секоја друга картична трансакција.

Не, можете да извршите плаќање само од платежна сметка која е поврзана со активна дебитна картичка (Visa или Mastercard).

Да, може да се изврши плаќање од платежна сметка поврзана со дебитна картичка, независно дали сте корисник на Visa или Mastercard.

Не, Visa Direct плаќање можете да направите само од платежна сметка на која сте носител. Доколку сте овластено лице на платежна сметка, а сакате да направите Visa Direct плаќање, препорачуваме преку Вашето електронско банкарство да ги префрлите средствата од платежната сметка на овластеното лице на Вашата платежна сметка и на тој начин да го извршите плаќањето.

Да, независно од моменталната локација на примачот, возможно е испраќање на средства кон Visa картичка издадена од македонска банка, во секое време.

Не, во моментов не се овозможени плаќањата кон Visa картички од странски банки, но наскоро ќе бидат овозможени за што ќе следува дополнителна информација.

Не. Можете да извршите Visa Direct/Visa+ плаќање без да имате активен Visa+ профил. Visa+ профилот Ви е потребен само за да примате средства преку вашиот алиас – мобилен број поврзан со Visa дебитната картичка преку Visa+ мрежата.

Не. Visa+ профил можете да креирате само со дебитна Visa картичка (Visa Classic, Visa Gold, Visa Internet дебитни картички), односно преку Visa+ мрежата можете да примате средства само на активна дебитна платежна картичка.

Не, Visa+ профил можете да креирате само со основната Visa картичка поврзана со сметката на која сте носител. 

Да, можете во секое време да направите промена или бришење на Visa+ профил. Промената на Visa+ профилот подразбира Вашиот алиас да го поврзете со друга Visa дебитна картичка на која сте корисник или пак да го ажурирате Вашиот мобилен број кој сакате да го поврзете со Visa дебитна картичка.

Visa Direct сервисот се користи за плаќања меѓу дебитни картички. Префрлањето на средства кон Visa кредитни картички на СБ е возможно во секое време, но одредени издавачи (други банки) не дозволуваат Visa Direct трансакции кон нивните кредитнит картички.

Средствата се на располагање на картичката на примачот веднаш, и може веднаш да се користат за плаќање со картичката.

Не, можете да креирате Visa+ профил само доколку во СБ имате ажуриран македонски мобилен број.

 

Можете да префрлите средства на бројот на кредитната картичка во СБ и истата ќе има третман на уплата на рата, но откако средства ќе бидат прокнижени на кредитната сметка поврзана со кредитната картичка. Префрлените средства на кредитната картичка ќе бидат на располагање веднаш, во истиот момент на извршениот трансфер.

Сепак, да напоменеме дека Visa Direct е сервис предвиден за плаќања меѓу дебитни картички. Префрлањето на средства кон Visa кредитни картички на СБ е возможно во секое време, но одредени издавачи (други банки) не дозволуваат Visa Direct трансакции кон нивните кредитни картички.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.