

Kартички
Безбедност при плаќање со картички
Безбедност при плаќање со картички
Безбедност при бесконтактни плаќања
За поголема сигурност на вашите платежни картички и согласно регулативата за засилена автентикација на клиентот при извршување на бесконтактни платежни трансакции засновани на картичка, при извршување на бесконтактни платежни трансакции со дебитни и кредитни картички издадени од СБ задолжителна е автентикација со ПИН код во следните случаи:
- Доколку со картичката се извршени 5 последователни бесконтактни трансакциии на ПОС терминал без ПИН (од моментот на последната трансакција автентицирана со ПИН), следната бесконтактна трансакција мора да биде автентицирана со ПИН од страна на клиентот. Во спротивно, истата ќе биде одбиена.
- Доколку вкупниот кумулиран износ на сите бесконтактни трансакции на ПОС надминува 9.000 денари (од моментот на последната трансакција автентицирана со ПИН), следната бесконтактна трансакција мора да биде автентицирана со ПИН, независно од износот на трансакцијата. Во спротивно, истата ќе биде одбиена.
-
Доколку поединечниот износ на бесконтактната платежна трансакција на ПОС терминал надминува 2.000 денари мора да биде автентицирана со ПИН. Во спротивно, истата ќе биде одбиена (овој лимит по бесконтактна трансакција на одредени ПОС терминали во државата може да изнесува 2.500 денари, а во други земји пак може да надминува 2.500 денари).
По направена трансакција со пин се ресетира износот/бројот на трансакции и повторно може да се прават бесконтактни трансакции.
ВАЖНО: Доколку имате одбиена трансакција при бесконтактно плаќање, за која се исклучени останати причини за одбивање (на пр. статус на картичка, салдо на сметка, дневни лимити и др.), Ве молиме побарајте од трговецот да биде извршена контактна трансакција со процесирање на чип и ПИН. По направена контактна трансакција со пин се ресетира износот/бројот на трансакции и повторно може да се прават бесконтактни трансакции.
При плаќање со Google Pay не потребно да се внесе ПИН код на ПОС терминал, но задолжително е мобилниот уред да биде отклучен за да се реализира плаќањето, независно од износот на трансакцијата. По исклучок, само во многу ретки случаи (најчесто поради постар модел на терминалот) може да се побара ПИН, при што треба да се внесе ПИН-от од физичката картичка.
3D Secure безбедно интернет плаќање
Купувајте БЕЗБЕДНО на интернет - 3D SECURE платежни картички на СБ
VCAS ”3D Secure” технологијата е достапна за Visa & MasterCard дебитните и кредитните картичките од Стопанска банка, кои се обезбедени со престижните меѓународни сертификати на “Verified by Visa” и “MasterCard SecureCode“.
Како функционира ”3D Secure” технологијата?
”3D Secure” овозможува проверка на автентичноста и идентитетот на корисникот на картичката при извршувањето на Интернет плаќања со Visa или MasterCard картички. Стопанска банка, користејќи ја најсовремената технологија на Visa & MasterCard платежните организации врши системски мониторинг и повремено бара верификување на дел од Интернет трансакциите со испраќање на СМС со еднократна ОТП лозинка на вашиот мобилен телефон за време на извршувањето на трансакцијата. Притоа за да може да ја комплетирате трансакцијата, потребно ќе биде да се внесе добиената ОТП лозинка (пратена на мобилен телефон) со што ќе се верификува автентичноста на трансакцијата.
НАПОМЕНА: Со цел да се реализираат трансакциите без проблем, потребно е клиентите да ги имаат ажурирано контакт информациите, поточно мобилен телефон на кој ќе се испраќа СМС со еднократна ОТП лозинка. Ова ажурирање клиентите може да го направат 24/7 преку контакт центарот на Банката на (02) 3100 109.
Не сите e-commerce трансакции ќе бидат подложни на верификација со ОТП. Само трансакциите за кои системот ќе процени дека се поризични или нестандардни за корисникот.
Пример за e-commerce трансакција верифицирана со ОТП лозинка:
Чекор 1: Добивате СМС со содржината на нумеричката ОТП Лозинка (пр. 123456)
Чекор 2: Ја внесувате нумеричката ОТП Лозинка добиена како СМС порака на Вашиот мобилен телефон.
Која е предноста од "3D Secure" технологијата за корисниците на платежни картички?
Механизмот на заштита на ”3D Secure” технологијата е насочен кон заштита од кражба на идентитетот на корисниците на картичките и заштита од злоупотреба на податоците од картичката (бројот на картичка, датумот на истекување и CVC/CVV2 кодот). Се работи за напредна технологија која преставува највисок стандард во областа на заштитата на корисниците на картички при плаќањата на интернет
Услови за користење на "3D Secure" технологијата овозможена од Стопанска банка
Сите корисници на Visa или MasterCard дебитна или кредитна картичка од Стопанска банка, се регистрирани, и нивните картички го имаат ”3D Secure” стандардот за заштита при Интернет плаќања односно не е потребно регистрирање или поднесување на барање до Банката. Единствено што е потребно е корисникот на картичка секогаш да има пријавено во Банката ажурен број на својот мобилен телефон и мејл адреса. Личните контакт податоци секој клиент може да ги провери или ажурира преку Контакт Центарот на Банката кој е 24/7 достапен на тел: 02/ 3100 109.
Користењето ”3D Secure” технологијата е целосно бесплатно за сите корисници на картички издадени од Стопанска банка.
Дали за секоја трансакција со картичката на Интернет ќе ми се појавува екранот за внес на ОТП лозинка (која ќе ја добијам на СМС)?
Не, Стопанска банка користејќи ја во моментов најсовремената технологија врши системски мониторинг на трансакциите, локациите и продажните места каде истите се извршуваат, при што повремено ќе бара верификување на Интернет трансакциите со испраќање еднократна ОТП лозика како СМС порака на Вашиот мобилен телефон за време на реализацијата на плаќањето.
3D Secure технологијата Ве заштитува при купување
”3D Secure”технологијата ја подржуваат сите домашни и светски познати интернет страници кои можат да се препознаат по тоа што на својата веб страна ги имаат објавено ”3D Secure” ознаките од Visa и MasterCard. Овие (подолу прикажани) ознаки, укажуваат на тоа дека веб страната е легална и безбедна за интернет купување. Затоа, при купувањето на интернет, препорачуваме секогаш да проверувате дали веб страницата ги поседува овие ознаки:
Покрај ова, препорачуваме и следење на следните корисни совети при купувањето на интернет:
- Купувајте кај web трговци на коишто им верувате. Ако не сте чуле за нив, проверете ги. Бидете внимателни, како кога правите нарачки преку пошта или телефон;
- Бидете сигурни дека web страницата од каде што купувате Ви дозволува да користите безбеден web browser. Ќе знаете дека страницата каде што вршите нарачка е кодирана и безбедна ако на долниот лев агол на прозорецот на browser - от се појави заклучена брава или непрекинат синџир . Во повеќето случаи, адресата на трговецот исто така ќе се промени од http:// во https://. Ако бравата е отворена или пак синџирот прекинат, не е безбедно, па препорачуваме да купувате на други web страници;
- Ако користите web страница што бара Ваша регистрација, чувајте ја вашата лозинка во тајност
- Водете евиденција за направените трансакции при што ќе ја отпечатите страницата со нарачката како и условите на купувањето или пак запишете го телефонскиот број на трговецот, неговата e - mail адреса и Интернет адреса која почнува со http:// - заедно - со она што сте го купиле, цената и датумот. Повеќето on line трговци им праќаат на потрошувачите e - mail со комплетна информација и податоци за купувањето. Чувајте ги овие информации;
- Проверете ги политиките за достава и враќање на производот. Web страницата исто така треба да ве извести за начинот на испорака и трошоците, валутата што се користи како и даноците што се плаќаат. Имајте во предвид дека увозните царини можат да бидат скапи;
- Ако се претплатувате, бидете сигурни дека претплатата се однесува само на оној период за којшто сте заинтересирани. Не согласувајте се на нешто коешто не го разбирате во целост.