header image

„Сонуваме.Менуваме“ Vol.7: Повик за доделување грантови за асоцијациите на лица со атипичен развој

 

17.11.2025

 

„Сонуваме.Менуваме“ Vol.7: Повик за доделување грантови за асоцијациите на лица со атипичен развој

 

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 декември, Стопанска банка повторно објавува повик за доделување грантови за асоцијациите на лица со атипичен развој, насочени кон реализација на конкретни проекти со кои се поттикнува инклузијата и се подобруваат условите во средината во која учат и живеат лицата со попреченост. Грантовите се дел од општествено одговорниот проект на Банката, „Сонуваме.Менуваме“, кој годинава ќе го има седмото издание.

Јавниот повик е отворен за сите асоцијации, здруженија или проекти со фокус на лица со попреченост. Притоа, се очекува барателите да аплицираат за грант со конкретни проекти кои опфаќаат повеќе лица, овозможуваат континуирана работа со нив преку нови едукативни, инклузивни или физиотерапевтски методи или пак овозможуваат нивна поголема слобода при движењето и извршувањето на секојдневните активности.


Проектите со кои асоцијациите и здруженијата аплицираат треба да содржат информации за целната група, времетраењето на проектот, целта и очекуваните резултати, буџетот за реализација, како и за носителот на проектот (апликант, асоцијација, здружение и сл.). Барањата, заедно со контакт податоците, треба да се испратат на адресата csr@stb.com.mk , со назнака „Предлог проект за грант: Сонуваме.Менуваме 2025“, најдоцна до 30 ноември 2025 година.


Посебно формирана комисија во Стопанска банка ќе биде задолжена за евалуација на пристигнатите барања за грант, а избраните проекти кои ќе добијат финансиска поддршка ќе бидат објавени на 3 декември 2025 година.

 

Особено нѐ радува што оваа година музичко-театарските претстави кои традиционално се дел од кампањата „Сонуваме.Менуваме“, покрај во Скопје, ќе се прикажуваат во Битола и Велес на 5 и 16 декември, ширејќи ја низ земјава пораката за значењето на инклузијата.

Како и во изминатите години, актерската екипа во претставите ќе вклучува и деца со попреченост, а инклузијата ќе биде главната инспирација.

 

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.