header image header image

Трансакциски сметки

Трансакциски сметки

Карактеристики

  • Трансакциска сметка во денари и девизи
  • Категорија на клиенти: физички лица резиденти и нерезиденти
  • Валута: МКД;  EUR ; USD ; CHF; AUD ; CAD ; GBP; DKK ; JPY; NOK и SEK

Придобивки

  • Можност за неограничени уплати/исплати во сите филијали на СБ
  • Можност за избор на повеќе валути
  • Можност за плаќање на Вашите редовни месечни трошоци преку траен налог
  • Можност за дозволено пречекорување
  • Можност за платежна VISA/MasterCard дебитна картичка за користење во трговската мрежа и банкоматите во Северна Македонија и во светот
  • Сигурна и стабилна банка, банка од доверба
  • Увид во состојбата преку алтернативни канали

Право на отворање

  • Право на отворање на трансакциска сметка имаат сите полнолетни граѓани.

Потребни документи

  • При отворање на сметката клиентот приложува важечки документ за идентификација (лична карта или пасош)
  • По отворање на сметката клиентот добива:
    • Договор за трансакциска сметка
    • Картичка за трансакциска сметка

Траен налог

  • Сопственикот на трансакциската сметка може да даде траен налог за вршење на плаќање, во свое име а во висина на средствата на сопствената трансакциска сметка за трошоци во одредени износи. Трајниот налог може да се користи за редовни трошоци на домаќинство, отплата на кредити одобрени од Стопанска банка А.Д. Скопје и слично.

Овластување

  • Сопственикот на трансакциска сметка може да даде овластување на друго полнолетно лице, кое ќе располага со средствата од неговата трансакциска сметка. Овластувањето може да се издаде во моментот на отворање на трансакциската сметка или, дополнително, во кој било период.
  • Овластувањето е со важност се до затворање на сметката или до моментот на отповикување на овластувањето од страна на сопственикот на трансакциската сметка.

Дозволено пречекорување

  • Банката овозможува, на барање на комитентот, склучување договор за користење дозволено пречекорување по трансакциски сметки во висина на утврдените износи за дозволено пречекорување. За обнова на дозволено пречекорување се наплаќа 200 денари еднократно.
  • Траење на дозволеното пречекорување - до 12 (дванаесет) месеци

Камати

  • Во моментов банката не пресметува камата на позитивната состојба на сметка
  • Негативна камата на дозволено пречекорување
  • Законска затезна камата за надминување на дозволено пречекорување

Каматните стапки се годишни и истите се променливи, утврдени согласно одлука на СБ. Каматата се пресметува месечно во зависност од извршените промени на сметката.

Провизија по трансакциска сметка

  • Провизија за дебитна трансакција иницирана од клиентот - 2,00 денари (Минимум 20 денари месечно и максимум 30 денари месечно)
  • Провизијата се наплаќа месечно.

Тајност

  • Податоците на трансакциската сметка се деловна тајна на Банката

Соопштување податоци за трансакциската сметка

  • Податоците, документите и информациите за комитенти, сметки и за трансакции на сметки можат да се соопштат во следниве случаи:
    • ако со закон е пропишано објавување на податоците и на информациите
    • ако комитентот ѝ дал писмена согласност на СБ за откривање на податоците
    • на писмено барање на надлежен суд за водење на постапки што се во рамките на неговите надлежности
    • за потребите на Народната банка на Република Северна Македонија или на друг супервизорски орган овластен со закон
    • по писмено барање на Управата за јавни пригоди за водење постапки што се во рамките на нејзините надлежности
    • ако податоците се соопштуваат на Бирото за спречување перење пари и финансирање тероризам, во согласност со закон
    • ако податоците се соопштуваат на Бирото за финансиска полиција, во согласност со закон
    • на писмено барање на Државниот девизен инспекторат за контрола на девизното работење
    • на писмено барање на Фондот за осигурување депозити, во согласност со закон
    • ако податоците се соопштуваат за потребите на функционирањето на Кредитниот регистар на НБРМ
    • ако податоците се соопштуваат на овластен извршител, по претходно доставено писмено барање во СБ на соодветен образец (образец 6) пропишан со правилникот за формата, содржината на налозите, заклучоците, записниците, барањата, службените белешки и другите акти што ги изработува извршителот при преземањето на извршните дејства.

Извод за состојба на трансакциската сметка

  • Информација за состојбата на трансакциската сметка и за нејзините промени може да се добие: 
    • на кој било шалтер на СБ во Република Северна Македонија и 
    • на интернет преку i-bank услугите на Банката

 

Нерезидентни сметки

ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА НЕРЕЗИДЕНТ

Идентификација на комитент- нерезидент се врши со оригинален документ за идентификација или фотокопија заверена од овластено лице- нотар од која се задржува фотокопија од еден од следните документи:

1. Пасош издаден од друга земја или важечка лична карта ако лицето доаѓа од држава членка на Европска Унија, земја потписничка на Шенгенскиот договор* или држава со која Република Северна Македонија (РСМ) има склучено билатерална спогодба** за прекугранично патување на државјани во двете земји, од кои се утврдува постојаното место на живеење во странска држава. Доколку во патната исправа или во личната карта не е наведено постојаното место на живеење во странство, банката е должна да го обезбеди овој податок преку сигурни и независни извори*** или преку изјава потпишана од нерезидентот во која е наведено постојаното место на живеење во странство. Писмената изјава не се прифаќа за нерезиденти од соседните земји на Република Северна Македонија.

***Под поимот сигурни и независни извори за идентификација на клиентот физичко лице - нерезидент, при отворање на трансакциска сметка или за потребите на ажурирање на податоците за идентификација на веќе регистрираните клиенти, покрај документите важечка патна исправа или важечка лична карта, можат да се сметаат и други документи издадени во матичната држава од кои, заедно со патната исправа или личната карта, може да се утврди местото на живеење на лицето како на пример, важечка возачка или сообраќајна дозвола, сметки за користење комунални услуги не постари од три месеци (струја, вода, испорачана топлинска енергија или гас, сметка за користење телефон).

2. Пасош издаден од Република Северна Македонија со виза за престој во странство или работна виза во странство во траење од најмалку 6 месеци.

3. Пасош издаден од Република Северна Македонија, во која е наведена адреса на постојано место на живеење во странство. Како место на постојано живеење во странство се смета ако во патната исправа е наведена и само кратенка од странската држава (пример: Срб. Ал. ЕУ и слично).

4. Документ издаден од Министерството за надворешни работи (дипломатски пасош).

5. Документ - легитимација издадена од Обединетите нации.

6. Странски физички лица кои поседуваат документ лична карта за признаен бегалец или друг документ издаден од МВР за идентитет на бегалец каде важноста на документот за престој во РСМ е издаден за период пократок од 6 месеци. Овие лица не поседуваат документ за постојан престој во Република Северна Македонија од најмалку 6 месеци (Во документите издадени од МВР има податок за постојано место за престој во Р. Северна Македонија и најчесто се издаваат на рок помал од 6 месеци). Доколку настанат услови за промена на статусот, односно овие лица го исполнат условот за привремен престој во Република Северна Македонија врз основа на важечка виза за престој, односно работна виза во траeње од најмалку 6 месеци (се подразбира и кумулативен период), Банката, согласно со точка 7 од Одлуката за начинот и условите за отворање и водење сметки на нерезиденти, ќе изврши промена на нерезидентниот статус во резидентен.

*Земји-потписнички на Шенгенски договор:

  • 25 земји-членки на ЕУ: Австрија, Белгија, Бугарија, Германија, Грција, Данска, Естонија, Италија, Кипар, Литванија, Летонија, Луксембург, Малта, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Словачка, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Чешката Република, Шведска, Шпанија
  • 3 земји што не се членки на ЕУ: Исланд, Норвешка и Швајцарија. 
Извор: Министерство за надворешни работи http://www.mfa.gov.mk/  
**Земји со кои имаме билатерални спогодби: Србија, Косово, Црна Гора и Албанија

 

УСЛОВИ ЗА РАБОТЕЊЕ СО СМЕТКИТЕ НА НЕРЕЗИДЕНТИ

Нерезидентот сопственик на сметката е должен најмалку еднаш годишно или веднаш по истекот на рокот на важноста на патната исправа до Банката да достави важечка документацијата за идентификација. Банката е должна да ја блокира сметката на нерезидентот во случај кога нерезидентот нема да ја обезбеди потребната важечка документација за идентификација. На блокираните сметки дозволен е прилив на средства од други сметки, но уплата во готовина и трансфер од сметките не е дозволен.

Нерезидентот може да отвори повеќе денарски и девизни сметки.

На девизната сметка нерезидентот може да врши:

1. уплата на внесени ефективни странски пари од странство со налог од нерезидентот и тоа:

  • за износ помалку од 10.000 ЕВРА во текот на еден месец, без презентација на документи
  • за износ од 10.000 ЕВРА и повеќе писмена потврда за внесени ефективни странски пари издадена од Царинска управа на Република Северна Македонија, на која не е изминат рокот од 5 работни дена од издавањето. Доколку се уплатува целиот износ наведен на Потврдата од Царина, се задрржува оригиналната потврда, а доколку истата потврда се употребува повеќе пати, на оригиналната потврда се наведува уплатениот износ, и се задржува  фотокопија од документот. При секоја наредна уплата се презентира оригиналната потврда. Уплатата е дозволена до целосно уплатување на износот наведен на потврдата.
  • уплати на ефективни странски пари кои потекнуваат од непотрошени ефективни странски пари претходно повлечени од неговите сметки во било која банка во Р. Северна Македонија, во период од три месеци од денот на повлекувањето. За уплата на овие средства, нерезидентот задолжително треба да достави писмено барање и копија од налогот со кој се повлечени ефективните странски пари (образец 1450).

2. подигање на ефективни странски пари, без  ограничување

3. трансфери во земјата и во странство, без  ограничување

На денарската сметка нерезидентот може да врши:

1. уплата на ефектива во денари на сметка на нерезидент врз основа на писмено барање, без презентација на дополнителни документи, дозволено е до мкд 120.000,00 месечно.

2. уплата на непотрошени ефективни денари претходно повлечени од неговите денарски сметки во период од три месеци од денот на повлекувањето со презентација на образец 1450 и писмено барање за уплата.

3. трансфери во земјата од/на денарска сметка, без ограничување

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на