header image header image

Платежни услуги со странство

Општи информации

Платежните услуги со странство претставуваат важен дел од меѓународниот платен промет и се од суштинско значење за трговијата, финансиите и личните трансакции.
Тие овозможуваат брз, сигурен и ефикасен трансфер на финансиски средства помеѓу физички и правни лица од различни земји.

Во Република Северна Македонија, платежните услуги со странство се регулирани од Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ), која воспоставува правила за девизниот промет, спречување перење пари и финансирање на тероризам, како и за безбедноста на платниот систем.

Стопанска банка АД – Скопје работи согласно регулативата на НБРСМ и ги применува меѓународно прифатените SEPA и SWIFT стандарди.

Начини на извршување на трансакции:

  • SEPA трансакции – За плаќања во евра кон земји кои се дел од SEPA шемата
  • SWIFT трансакции – За плаќања во евра кон земји надвор од SEPA, како и за трансакции во други валути

Kаратеристики на СЕПА кредитните трансфери се:

  • Извршување исклучиво во валута евра, земји членки на СЕПА и кон банки кои се регистрирани за СЕПА кредитни трансфери.
  • СЕПА кредитни трансфери се вршат ислучиво со трошок SHA (поделени трошоци)
  • Значително пониски надоместоци

Kаратеристики на SWIFT кредитните трансфери се:

  • Извршување на SWIFT кредитни трансфери во евра и валута различна од евра
  • SWIFT кредитниte трансфери може да бидат со трошоци SHA, OUR И BEN

Клиентот сам одбира дали плаќањето ќе се изврши како SEPA кредитен трансфер или SWIFT кредитен трансфер.

За SEPA кредитните трансфери важи истата регулатива од доменот на платежните услуги и девизното работење како и за стандардните SWIFT кредитни трансфери во странство што се извршуваат преку коресподентско банкарство.

Совети за безбедни трансакции со странство:

  • Користете проверени и лиценцирани финансиски институции
  • Заштитете ги вашите лични податоци и информации за сметката
  • Потврдете ја веродостојноста на платежната сметка на вашиот деловен соработник

Приливи од странство - Лоро дознака

  • Примачот на средствата треба да поседува девизна платежна сметка во валутата на приливот.

  • Приливите се извршуваат ефикасно, на истиот ден кога настанува датумот на валута.

  • Банката го информира клиентот – примачот на средствата, на денот на валутата или најдоцна наредниот работен ден.

  • Постојат можности за распоредување на средствата во било која филијала на Банката, како и преку електронското банкарство (E-banking сервисот).

Согласно Одлуката за начинот за извршување платежни трансакции со странство, за приливните платежни трансакции се применува:

  • Постапка на директно одобрување, кога паричните средства се одобруваат директно на платежната сметка на примачот, без доставување документација.
  • Постапка на одложено одобрување, кога паричните средства се одобруваат на платежна сметка на примачот резидент по доставување на соодветни документи за следниве трансакции:
    - наплата на дивиденди и други добивки од вложување на резидентот во странство коешто има третман на директна инвестиција
    - повлекување влог од странство кое има третман на директна инвестиција
    - продажба на хартиите од вредност или уделите во странство коишто имаат третман на директна инвестиција
    - наплата врз основа на издавање и воведување домашни хартии од вредност во странство
    - наплата врз основа на продажба на недвижност во странство во сопственост на резидент
    - наплата врз основа на издавање на недвижност во странство во сопственост на резидент
    - пренос на средства од платежната сметка на резидентот во странство на неговата платежна сметка кај давател на платежни услуги во земјата
    - наплата врз основа на продажба на хартии од вредност во странство коишто имаат третман на портфолио-инвестиции
    - приливи по основ на осигурување
    - наплата на износ еднаков или поголем од 50,000 евра

Приливните платежни трансакции се вршат преку:

  • SEPA шемата – За приливи во евра од земји кои се дел од SEPA шемата. Овие приливи се секогаш во евра и се со трошоци BEN (поделени трошоци)
  • SWIFT мрежа – За приливи во евра и валута различна од евро

Надоместок:

  • SEPA шемата
    - До 500 ЕУР – 0,16 ЕУР
    - Од 500,01 – 12.500 ЕУР – 2 ЕУР
    - Од 12.500,01 – 50.000 ЕУР – 4 ЕУР
    - Над 50.000,01 ЕУР – 5 ЕУР
  • SWIFT мрежа
    - 1% од денарската противвредност, минимум МКД 250

Документи за прилив

Кредитен трансфер во евра и валута различна од евра во странство

За кредитен трансфер во евра и валута различна од евра во странство потребно е да имате:

  • За плаќање во странство потребно е плаќачот да има девизна платежна сметка во валутата во која се врши плаќањето
  • Клиентот поднесува на Банката уредни документи за плаќање согласно прописите за вршење на платежни услуги со странство
  • Извршување на платежната трансакција со странство истиот ден кога е примен платниот налог со датум на валута следен работен ден, согласно терминскиот план на налози
  • Брзо и ефикасно извршување на платежната трансакција со странство во сите филијали или преку Е-banking сервисот
  • Поради воспоставената широка мрежа на SWIFT - врски со банки од цел свет, клиентот избегнува дополнителни трошоци

Согласно Одлуката за начинот за извршување платежни трансакции со странство, за одливните платежни трансакции дополнитена документација е потребна за:

  • плаќање врз основа на продажба на вложувањето коешто се смета за директна инвестиција
  • плаќање врз основа на вложување во хартии од вредност во странство од страна на резиденти коишто имаат третман на портфолио-инвестиции
  • плаќање врз основа на купување недвижност во Република Северна Македонија во сопственост на нерезидент
  • плаќање на доход врз основа на издавање на недвижноста во сопственост на нерезидент
  • пренос на средства од платежна сметка на резидентот кај давател на платежни услуги во земјата на негова платежна сметка во странство
  • плаќања на капитални трансакции врз основа на извршна исправа и присилно плаќање врз основа на извршна исправа
  • плаќање на износ еднаков или поголем од 50,000 евра


Одивните платежни трансакции се вршат преку:

  • SEPA шемата – За плаќања во евра кон земји кои се дел од SEPA шемата. СЕПА Кредитните трансфери се секогаш во евра и се со трошоци BEN (поделени трошоци)
  • SWIFT мрежа – За плаќања во евра, како и за трансакции во други валути. Овие кредитни трансфери може да бидат со трошоци:
    - SHA (поделени трошоци, односно секој го плаќа својот трошок)
    - OUR (сите трошоци ги сноси плаќачот)
    - BEN (сите трошоци ги сноси примачот на средствата)


Надоместок

SEPA шемата

  • Кредитен транфер во филијала
    • До 500 ЕУР – 4 ЕУР
    • Од 500.01 – 12,500 ЕУР – 6 ЕУР
    • Од 12,500.01 – 50,000 ЕУР – 10 ЕУР
    • Над 50,000.01 ЕУР – 16 ЕУР
  • Електронски кредитен трансфер
    • До 500 ЕУР – 1 ЕУР
    • Од 500.01 – 12,500 ЕУР – 3 ЕУР
    • Од 12,500.01 – 50,000 ЕУР – 8 ЕУР
    • Над 50,000.01 ЕУР – 10 ЕУР

SWIFT мрежа

  • До ЕУР 50,000.00: 0.50%, мин. ЕУР 4 + SWIFT МКД 350
  • Над ЕУР 50,000.01: 0.27% + SWIFT МКД 350

ОУР Трошок

  • До 2,500 ЕУР – 10 ЕУР
  • Од 2,500.01 – 12,500 ЕУР – 20 ЕУР
  • Од 12,500.01 – 50.000 ЕУР – 40 ЕУР
  • Над 50,000.01 ЕУР – 50 ЕУР

Документи за одлив

Чекови влечени на странски банки

Чекови влечени на странски банки

  • Провизија од МКД 3.000 однапред платени при превземањето на чекот + 3.00% од износот на чекот минимум 1.000 МКД по чек по наплатата на чекот

Термински план

Термински план за извршување на платежни трансакции со странство во Стопанска банка АД - Скопје

 

 

Прием на платежни трансакции

Извршување на платежни трансакции

Хартиени платежни трансакции

Секој работен ден од 8:30 до 14:00 часот

во текот на работниот ден

Online платежни трансакции

Секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот

во текот на работниот ден

Хартиени платежни трансакции

Секој работен ден по 14:00 часот

во текот на следниот работен ден

Online платежни трансакции

Секој работен ден по 15:00 часот и неработни денови во текот на следниот работен ден

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.