header image

Патничко осигурување

Патувањата и одморот во странство се најчесто поврзани со убави спомени и доживувања. Но при секое патување постои можност за случување на одредена неприлика која може да не изненади и да ни го расипе расположението.

Некои непријатни настани, колку и да се обидуваме да ги избегнеме, се случуваат токму за време на нашите патувања. Затоа патничкото осигурување е нешто што треба секогаш да го имаме во предвид при секое патување во странство, затоа што тоа ни ја обезбедува потребната медицинска помош далеку од нашиот дом и пријатели. За таа цел, Стопанска банка во соработка со Кроација Осигурување/Неживот обезбеди најповолни услови за патничко осигурување кои ве ослободуваат од стресот при патувањата.

Дополнително, Стопанска банка за корисниците на Visa или MasterCard кредитните картички на Стопанска банка нуди бесплатно годишно патничко осигурување со покритие од 20 дена. Притоа, корисниците на СБ кредитни картички неопходно е годишно да го активираат бесплатното патничко осигурување, со посета на било која од филијалите на Банката или со јавување на телефонот на Контакт Центарот (02/3100 109), каде покрај бесплатното осигурување за себе имаат можност да купат патничко осигурување и за своите блиски под преференцијални цени и услови.

Патничкото осигурување вклучува:

  • Итна медицинска нега, консултација со доктор и трошоци за лекување
  • Хоспитализација и превоз со медицинско возило доколку се неопходни
  • Транспорт до земјата, доколку поради оправдани причини не е можно враќање на планираниот начин

Воедно, со патничкото осигурување достапно преку Стопанска банка добивате и: 

  • Можност за проширување на покритијата на полисата со поволни доплатоци на основниот пакет.
  • Попусти за Вашите членови од семејството и дополнителен попуст за деца до 14 години доколку купите полиса за патничко осигурување од Стопанска Банка.
  • Можност за Ковид-19 покритие на патничкото осигурување (задолжително за патување во некои земји)
  • Можност за вклучување на дополнително осигурително покритие со доплата за:
    • Осигурување од незгода;
    • Осигурување на багаж и надомест за загуба на патни документи;
    • Ковид - 19
  • Можност за семејна форма на патничко осигурување за сите патувања.

Патничкото осигурување е достапно во сите филијали на Банката и 24/7 преку Контакт Центарот на (02) 3100 109.

При потреба на итна медицинска интервенција веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од настанување на осигурениот случај, да се јавите на партнерот за поддршка EUROP Assistance и на телефонскиот број: 00386 1 236 75 43, наведен на последната корица од условите за патничко осигурување.

Доколку не успеете да воспоставите контакт со Асистентската куќа, може да се обратите на:

  • e-mail: sos@crosig.mk
  • тел. +389 2 3251 136; +389 2 3251 117; +389 2 3251 150 (од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот).

Важна напомена: старосна граница за патничко осигурување е 70 години.

Корисници на кредитна картичка на СБ
Територијално покритие Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Косово, Турција, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина
Премија за основно покритие со франшиза 50 евра Вредност која клиентот ја добива бесплатно е 495 денари
Доплаток за проширување на покритие за Европа 308 денари
Покритие за Covid19 50% доплаток од вкупната премија на полисата
   
   
Корисници на GOLD кредитна картичка на СБ
Територијално покритие Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Косово, Турција, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина
Премија за основно покритие без франшиза Вредност која клиентот ја добива бесплатно е 495 денари
Доплаток за проширување на покритие за Европа 308 денари
Покритие за Covid19 50% доплаток од вкупната премија на полисата
   
   
Клиенти на банката и членови на семејство на клиенти на банката
Територијално покритие Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Косово, Турција, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина
Премија за основно покритие со франшиза 50 евра 295 денари
Доплаток за проширување на покритие за Европа 308 денари
Премија со попуст за деца до 14 години 148 денари
Покритие за Covid19 50% доплаток од вкупната премија на полисата

 

КАКО ДА ПРИЈАВИТЕ ШТЕТА?

Совети и помош во случај на штета (комуникација со асистентска куќа)

Сите друштва за осигурување што нудат патничко осигурување имаат склучено договори со асистентски куќи во странство што обезбедуваат 24 часа помош во случај на потреба од итна медицинска помош. Доколку се случи непосакуван настан и имате потреба од помош и совет јавете се на бројот на асистентската куќа наведен во полисата или условите за осигурување. Следете ги советите што ви ги даваат и не превземајте ништо без претходно одобрение (на пример предвремено враќање дома, репатриација, трансфер од една во друга болница). Запомнете дека доколку сте користеле здравстевени услуги без одобрение на асистенстската куќа или вашето друштво за осигурување трошоците ќе Ви бидат делумно надоместени. 

Штетата треба да ја пријавите во рокот за пријавување наведен во условите за осигурување. Најчесто рокот е 24 часа од моментот на склучување на штетата.

Чувајте ја оригиналната документација и оригналните сметки што подоцна ќе треба да ги предадете во вашето друштво за осигурување. Пред да ја предадете оригиналната документација направете копија за себе. Кога штетата не надминува одреден износ определен со условите за осигурување износот може да го платите сами, а друштвото за осигурување ви го надоместува износот што сте го платиле по вашето враќање во земјата. Доколку износот е повисок за плаќањето ќе се погрижи вашето друштво за осигурување во соработка со болницата и со асистентската куќа.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.