header image

Имотно осигурување

Сочувајте ја вредноста на имотот што со години трпеливо го создавате. Топлината на домот е нашето сигурно засолниште од секојдневните работни обврски, но дали е тоа навистина сигурно? Честопати се прашуваме дали го исклучивме светлото или електричните апарати пред да излеземе, дали електричната и водоводна инсталација се добро поставени или можеби се стари? Дали во случај на голема штета во домот предизвикана од несреќен случај, можеме да си дозволиме брзо обезбедување на нов дом за семејството или негово реновирање? А дали и нашите соседи во зградата се еднакво совесни и одговорни? Ова се непријатни прашања кои често ни задаваат многу грижи, а особено кога сме привремено отсутни од домот (на викенд, годишен одмор или слично). 

Имотното осигурување ви овозможува да се ослободите од грижите за безбедноста на вашиот дом преку полисата за осигурување која во Стопанска Банка може да ја добиете под исклучително поволни услови и со цени кои почнуваат од околу 1.680 денари годишно за домаќинско осигурување за просечен станбен објект.  Притоа, покрај стандардните осигурителни покритија, имотот (стан, куќа, викендичка и сл.) може да ги осигурате и од други ризици како: кражба, разбојништво, удар на гром и друго.

Доколку се прашувате зошто на секое семејство му е потребно Имотно Осигурување, обидете да си одговорите на следниве пашања:

  • Колку чини домот во кој живееме и дали брзо можеме да обезбедиме друг во случај на непосакуван настан?
  • Дали 1.680 денари се премногу за домаќинско осигурување на просечен дом?
  • Какви неприлики може да го оштетат нашиот дом (стан/куќа)?
  • Колкав е износот на заштеди што можеме да ги активираме во случај на поголема неприлика?
  • Кој се грижи за нашиот дом додека сме на одмор или пат?
  • Дали знаете дека во просек на секои 7 часа во Скопје се случува по една провална кражба во нечиј дом? Колку кражби се случиле во вашата населба/град во последните неколку месеци?

Информативна пресметка за годишната премија (цена) за осигурување на вашиот дом може да добиете во било која од филијалите на Банката, како и 24/7 на телефонот на Контакт Центарот (02) 3100 109, каде воедно може и да купите полиса за имотно осигурување, преку избор на некои од осигурителните пакети на домаќинско осигурување: основно, стандардно и премиум.

На следниот линк може да ги проверите најпродаваните пакети на домаќинско осигурување кои се прилагодени и достапни за сите 

При купувањето на имотното осигурување може да го искористите попустот од 600 денари, кој го доделува Банката доколку претходно имате земено потрошувачки кредит од Банката во пакет со осигурување од незгода и кој може да се искористи за купување на друго осигурување кое е со минимална цена од 1.500 денари.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.