header image

Подготвеност за SEPA плаќања

7. 10. 2025

 

Подготвеност за SEPA плаќања

 

Со приклучување на Република Северна Македонија кон СЕПА шемата, влеговме во нова ера на банкарските трансакции.

Стопанска банка, како банка која секогаш е посветена на клиентите, од 07.10.2025 година овозможува вршење на СЕПА кредитни трансфери за физички и правни лица, кои може да се реализираат во филијалите на Банката или преку е-банкинг апликацијата.

Главни каратеристики на СЕПА кредитните трансфери се:

  • Извршување исклучиво во валута евра, кон земји членки на СЕПА шемата и кон банки кои се регистрирани за СЕПА кредитни трансфери.
  • Клиентот сам одбира дали плаќањето ќе се изврши како СЕПА кредитен трансфер или СВИФТ кредитен трансфер
  • СЕПА кредитни трансфери се вршат ислучиво со трошок SHA (поделени трошоци)
  • Пониски надоместоци во споредба со стандардните кредитни трансфери во странство
  • За СЕПА кредитните трансфери важи истата регулатива од доменот на девизното работење како и за стандардните кредитни трансфери во странство

Повеќе информации за СЕПА кредитни трансфери за физички и правни лица може да најдете на stb.com.mk.

 

 

 

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.