Потрошувачки кредит
Потрошувачки Обезбеден кредит
Потрошувачки Обезбеден кредит
Карактеристики
ПРОМОТИВНО
Сите апликации примени од 10.09.2025 до 31.12.2025 добиваат:
- 100% ослободување од административни трошоци
 - 100% ослободување од трошоци за проценка
 - 
100% покривање на трошоците за изготвување на Нотарски акт и упис на заложното право во Агенција на Катастар на недвижности, за кредити со нова изложеност од минимум 15.000 ЕУР.
 
Износ на кредит:
- 
- до 80.000 ЕУР за кредити обезбедени со хипотека (во денарска противвредност)
 - до 300.000 ЕУР за кредити обезбедени со депозит (во денарска противвредност)
 
 - Одобрување на кредит без административни забрани, меници или жиранти
 - Денарски кредит со девизна клаузула
 - Еднакви месечни ануитети
 - За сите иматели на трансакциска сметка во СБ, достапна е опцијата за отплата со траен налог или преку i-bank каналите на банката
 - Рок на отплата до 20 години
 
При рефинансирање од друга банка:
- 0% административен трошок при рефинансирање кредит од друга банка
 - 0 МКД трошок за проценка при рефинансирање кредит од друга банка
 - 0 МКД трошок за нотар при рефинансирање обезбеден кредит од друга банка
 
Ценовни услови
Каматни стапки за кредити со вклучено животно осигурување
Обезбедени со хипотека за клиенти со плата/пензија во СБ
- Фиксна каматна стапка од 4,00% за 3 години
 - Променлива каматна стапка од 6,25% во наредните години
 
За останати клиенти
- Фиксна каматна стапка од 4,50% за 3 години
 - Променлива каматна стапка од 6,94% во наредните години
 
Обезбедени со депозит:
- 1.90 п.п маргина над каматната стапка на депозитот
 
Каматни стапки за кредити БЕЗ вклучено животно осигурување
Обезбедени со хипотека за клиенти со плата/пензија во СБ ЕУР
- Фиксна каматна стапка од 4,20% за 3 години
 - Променлива каматна стапка од 6,25%
 
За останати клиенти ЕУР
- Фиксна каматна стапка од 4,70% за 3 години
 - Променлива каматна стапка од 6,94% во наредните години
 
Обезбедени со депозит:
- 2.00 п.п маргина над каматната стапка на депозитот
 
Дополнителни редовни трошоци поврзани со кредитното барање:
- Апликативен трошок 600 МКД
 - 400 МКД трошок за генерирање на Имотен Лист
 - административен трошок за кредити обезбедени со хипотека 1,25% - само во случај на одобрено барање
 - административен трошок за кредити обезбедени со депозит 0,50% - само во случај на одобрено барање
 - трошок за проценка 2.500 МКД – само во случај на одобрено барање
 - Нотарски трошоци – само во случај на одобрено барање (или ослободување согласно промотивна понуда)
 - Трошок за делумна или целосна предвремена отплата:
- 0% доколку истата се врши по истек на првите 20% од иницијално одобрениот рок
 - 3% од износот на остаток на долг доколку отплатата се врши во првите 20% од иницијално одобрениот рок
 
 - Хипотека на недвижен имот во вредност од 133%-154% од износот на кредитот во зависност од локацијата на имотот понуден како обезбедување
 
Кредитни критериуми
- Физички лица, резиденти
 - Минимален месечен приход
 - 9.100 МКД за секој учесник поединечно
 - За клиенти со плата во СБ/без плата во СБ – од 20 години на денот на аплицирање до 70 години на денот на отплата ( доколку се вклучува ко-кредитобарател/и, возраста на еден од учесниците мора да биде до 70 години на денот на отплата, додека возраста на останатите учесници може да биде до 75 години на денот на отплата.
 - За пензионери – до 70 години на денот на отплата (доколку се вклучува ко-кредитобарател/и и сите учесници во моментот на аплицирање се пензионери, возраста на било кој од учесниците може да биде до 75 години на денот на отплата).
 - Услов за ко-кредитобаратели:
- член на потесното семејство
 - или друго лице да е клиент со плата/пензија во СБ;
 - да е клиент со постоен кредитен производ во СБ или во друга банка и со добра кредитна историја
 
 - Услов за физички лица вработени во странство, кои се државјани на РСМ
 - Mоже да се прифатат како кредитобаратели/ко-кредитобаратели само во случаи кога членови од потесното семејство кои се во редовен работен однос во РСМ се јавуваат како кредитобаратели/ко-кредитобаратели. Воедно треба да достават Договор за вработување и последна годишна даночна изјава доставена до даночен орган во земјата каде се вработени (истите треба да се преведени од овластен преведувач).
 
Документација
- Потпишано барање за потрошувачки кредит и согласност за проверка во Македонско кредитно биро
 - Копија од лична карта
 - За клиенти кои не се приматели на плата/пензија во СБ:
- извод од трансакциска сметка за последните 6 месеци
 - потпишана и заверена потврда за редовно вработување која не е постара од 30 дена
 
 - Извод од матична книга на родени/венчани за кредитобарател и ко-кредитобарател/(при нотарска постапка)
 - Доколку обезбедувањето е куќа, земјиштето треба да биде со право на сопственост или со право на долготраен закуп
 - Дополнителна документација на барање на банката
 
Пример пресметки
Пример пресметки
Забелешка: Денарска валута - отплата се врши во денари Девизна валута - отплатата е во денарска противвредност на EUR по среден курс на НБРМ на денот на плаќањето

