header image header image

Безбедно плаќање со картички

Безбедни интернет плаќања

Засилена автентикација при интернет-плаќања со платежни картички на Стопанска банка

 

Ве информираме дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската регулатива со која се воведува засилена автентикација при извршување на интернет (онлајн) плаќања (Strong Customer Authentication – SCA). Согласно регулативата и следејќи ги најдобрите европски банкарски практики за безбедност при интернет-плаќања, Стопанска банка изврши целосно усогласување со регулаторните барања за употреба на засилена автентикација. Покрај веќе воспоставеното користење на засилена автентикација преку дигиталните канали, наскоро засилена автентикација ќе се врши и при интернет-плаќање со платежните картички на Стопанска банка, користејќи го софтверскиот токен (м-токен) на мобилната апликацијата на Банката. За таа цел Ве информираме дека неопходно е да бидете корисник на М-токен преку м-банкинг апликацијата на вашиот мобилен уред затоа што преку неа ќе се одвива авторизацијата на интернет-плаќањата со Visa/Mastercard платежни картички. Користењето СМС ОТП кодови постепено ќе биде исклучено од употреба.

За да продолжите непречено и безбедно да плаќате онлајн со Вашите платежни картички, а сè уште не сте корисник на мобилната апликација на Стопанска банка, Ве охрабруваме да ја преземете од Google Play, App Store или App Gallery и да активирате м-токен. Детални информации и упатства за користењето на мобилната апликација и активација на м-токен можете да најдете на веб-страницата https://www.stb.com.mk/naselenie/digitalno-bankarstvo/m-banking/#Instalacija_i_upatstva , во филијалите на Банката или преку 24/7 Контакт центарот на 02/3100-109.

Засилената автентикација се применува речиси кај сите домашни и интернет-трговци во Европа, додека пак кај интернет-трговци надвор од ЕУ примената е делумна и зависи од безбедносните стандарди што ги користи конкретниот трговец, па затоа кај ваквите трговци (кои не ја подржуваат засилената автентикација) и понатаму потребна е зголемена внимателност при користењето и плаќањето на нивните услуги.

Зошто оваа промена е добра за Вас?

Овој метод, познат како Strong Customer Authentication (SCA), нуди неколку клучни предности:

  • Поголема сигурност и интегритет: Тешко е да се пресретне или да се злоупотреби, потврдувате со биометрија.
  • Брзина и едноставност: Трансакцијата ја одобрувате користејќи го вашиот отпечаток од прст, препознавање лице или личен код М-токен за плаќање.
  • Контрола: Имате целосен увид во деталите на трансакцијата на екранот на Вашиот мобилен уред пред да ја потврдите.

Како Банката ќе ја спроведува оваа промена?

За да овозможиме лесна и едноставна транзиција, миграцијата кон новиот модел ќе се одвива етапно:

  • Постепена миграција: Преминувањето од моменталниот СМС ОТП код кон потврда преку мобилна апликација ќе се врши постепено, картичен продукт по картичен продукт. Ова значи дека доколку поседувате повеќе картички, кај некои промената може да стапи на сила порано. Ќе следува навремено известување до корисниците пред да биде направена промената и преминувањето на новиот начин на автентикација.
  • Преоден период: До 01.03.2026 година, зависно од типот на картичниот продукт, потврдата ќе се врши или преку СМС ОТП код или преку м-банкинг.
  • Целосна имплементација: По 01.03.2026 година, одобрувањето на онлајн трансакциите со сите платежни картички од Стопанска банка ќе се врши единствено преку м-банкинг апликацијата.

Стопанска банка постојано ги унапредува своите системи за да Ви овозможи највисоко ниво на безбедност при користењето на Вашите платежни картички на интернет.

Вашата безбедност е наш приоритет.

Стопанска банка АД - Скопје

На Ваша страна

Безбедност при бесконтактни плаќања

За поголема сигурност на вашите платежни картички и согласно регулативата за засилена автентикација на клиентот при извршување на бесконтактни платежни трансакции засновани на картичка, при извршување на бесконтактни платежни трансакции со дебитни и кредитни картички издадени од СБ задолжителна е автентикација со ПИН код во следните случаи:

  • Доколку со картичката се извршени 5 последователни бесконтактни трансакциии на ПОС терминал без ПИН (од моментот на последната трансакција автентицирана со ПИН), следната бесконтактна трансакција мора да биде автентицирана со ПИН од страна на клиентот. Во спротивно, истата ќе биде одбиена. 
  • Доколку вкупниот кумулиран износ на сите бесконтактни трансакции на ПОС надминува 9.000 денари (од моментот на последната трансакција автентицирана со ПИН), следната бесконтактна трансакција мора да биде автентицирана со ПИН, независно од износот на трансакцијата. Во спротивно, истата ќе биде одбиена. 
  • Доколку поединечниот износ на бесконтактната платежна трансакција на ПОС терминал надминува 2.000 денари мора да биде автентицирана со ПИН. Во спротивно, истата ќе биде одбиена (овој лимит по бесконтактна трансакција на одредени ПОС терминали во државата може да изнесува 2.500 денари, а во други земји пак може да надминува 2.500 денари).   

По направена трансакција со пин се ресетира износот/бројот на трансакции и повторно може да се прават бесконтактни трансакции.

ВАЖНО: Доколку имате одбиена трансакција при бесконтактно плаќање, за која се исклучени останати причини за одбивање (на пр. статус на картичка, салдо на сметка, дневни лимити и др.), Ве молиме побарајте од трговецот да биде извршена контактна трансакција со процесирање на чип и ПИН. По направена контактна трансакција со пин се ресетира износот/бројот на трансакции и повторно може да се прават бесконтактни трансакции.

При плаќање со Google Pay не потребно да се внесе ПИН код на ПОС терминал, но задолжително е мобилниот уред да биде отклучен за да се реализира плаќањето, независно од износот на трансакцијата.  По исклучок, само во многу ретки случаи (најчесто поради постар модел на терминалот) може да се побара ПИН, при што треба да се внесе ПИН-от од физичката картичка.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.