header image header image

Вози право, вози здраво vol. 9

#ВПВЗ

1 јуни - Деветто издание на Вози право, вози здраво“, општествено одговорен настан на Стопанска банка АД - Скопје

 

Повторно го збогатуваме градот со велосипеди, тротинети, ролерки, бебешки колички и насмеани лица!

Ги повикуваме сите граѓани на Скопје коишто сакаат низ центарот на Градот слободно да ги возат своите велосипеди, ролерки, тротинети (електрични или обични), скироли и бебешки колички да ни се приклучат на најмасовното возење по улиците ослободени од автомобили. Настанот ќе се одржи на 1 јуни, недела, со СТАРТ од 17 часот од Порта Македонија, по што следува забава и лотарија на целта во Градскиот парк.

 

Регистрацијата за учество ќе биде отворена на 21 мај

За учество на настанот и во лотаријата потребно е да се регистрирате на нашата веб-страница веќе од 19.05, по што ќе добиете мејл и СМС пораки за успешна регистрација заедно со вашиот реден број.

НАПОМЕНА:

  • Регистрација на едно лице повеќе пати нема да биде возможно и сите такви пријави ќе бидат отстранувани.
  • Со достигнување на број од 8.000 пријавени, регистрацијата ја завршуваме поради поголема безбедност на настанот за учесниците.

 

Подигнување на редни броеви

Редните броеви од регистрацијата ќе можете да ги подигнете од просториите на Банката (поранешна i-bank store) на Кејот на Вардар, секој ден од понеделник, 26 мај, до сабота, 31 мај, од 10 до 18 часот.

Подигнување на редните броеви пред стартот НЕМА да биде овозможено. Затоа, побрзајте и подигнете ги броевите најдоцна до сабота, 31 мај, до 18часот од просториите на Банката!

На целта во Градскиот парк, сите регистрирани учесници кои ги подигнале своите бројчиња и учествувале на трката ќе може да учествуваат во вредната лотарија и да се освежат со вода, сладолед и грицки.
За доброто расположение на присутните ќе се погрижат 5+ фамилија, Baskerfest, како и водителите Дени, Марко и Цако.

 

Лотарија

За сите учесници, покрај вообичаената #ВПВЗ репрезентација, повторно обезбедивме и многу вредна лотарија:

  • 9 SPECIALIZED велосипеди + 1 SPECIALIZED електричен велосипед 
  • 9 GARMIN часовници + 1 електричен тротинет
  • 9 сета професионални кацига и очила за велосипедизам + 1 ваучер од Град Скопје (12.000мкд)

Банката обезбеди и ваучери за вода, сладолед и грицки, со што ќе го освежиме пристигнувањето на целта и ќе можеме да уживаме во добрата забава.

 

Совети и Препораки

Како и досега, нашите препораки за безгрижно учество на ВПВЗ се:
- Не се оддалечувајте од вашето друштво, ова посебно важи за децата! Погрижете се детето да знае како да ве контактира во случај да се разделите!
- Внимавајте на своите работи и не ги оставајте без надзор!
- Дојдете најмалку 15 минути пред стартот на трката за да ги чуете сите насоки и препораки за трката!
Не брзајте, настанот е од ревијален карактер и првите што ќе пристигнат на целта нема да бидат посебно наградени!
- Бидете на целта за време на лотаријата! Доколку не се пријавите кога ќе биде извлечено бројчето, тоа ќе биде поништено и ќе биде извлечен нов добитник.
- Внимавајте на брзината и на безбедноста! Во случај на незгода, ангажирани ќе бидат возила на брзата помош кои ќе може да ви помогнат. Побарајте некој од нашите волонтери кои ќе бидат распределени на стартот, долж патеката и на целта во паркот!
- Очекуваме пријатни временски услови, но секогаш е добро да бидете заштитени од UV зрачење и од можни врнежи.
- Банката ќе обезбеди услови за учесниците да можат соодветно да се ослободат од отпадоците затоа што нагласено ќе биде посветено внимание на хигиената и за време на одржувањето на настанот, како и по неговото завршување.

Банката информира дека работи согласно законската регулатива за заштита на лични податоци и дека личните податоци во процесот на регистрација се собираат и се обработуваат само за потребите на целосна реализација на ревијалната трка и по нејзиното завршување тие ќе бидат избришани и уништени согласно регулативата.

Настанот ќе биде сниман и фотографиран со цел негова промоција во медиумите. Видеото и фотографиите ќе бидат објавени на веб-страницата, како и на профилите на Стопанска банка на социјалните мрежи.

Сите добитници при подигнување на наградата ќе треба да се пријават кај волонтерите со цел евидентирање на личните податоци потребни за исплата на персонален данок за секоја добивка.

Со поднесување на формата за регистрација, потврдувате дека сте лично одговорни за своите активности и постапки за време на ревијалната трка и дека ќе се грижите за себе и за својот личен имот. Банката не презема одговорност за однесувањето и постапките на учесниците, како и евентуалните повреди или оштетувања на учесниците или нивниот личен имот за време на ревијалната трка и настанот.

Лотарија ВПВЗ 9

На 9мото издание на Вози право, вози здраво ќе бидат извлечени добитници за следните вредни награди:

Право на учество имаат само лицата кои се успешно регистрирани, го подигнале својот реден број и ќе бидат присутни на настанот. 

1

SPECIALIZED велосипед
2 SPECIALIZED велосипед
3 SPECIALIZED велосипед
4 SPECIALIZED велосипед
5 SPECIALIZED велосипед
6 SPECIALIZED велосипед
7 SPECIALIZED велосипед
8 SPECIALIZED велосипед
9 SPECIALIZED велосипед
10 SPECIALIZED ЕЛЕКТРИЧЕН велосипед
11 Garmin часовник
12 Garmin часовник
13 Garmin часовник
14 Garmin часовник
15 Garmin часовник
16 Garmin часовник
17 Garmin часовник
18 Garmin часовник
19 Garmin часовник
20 ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ
21 Професионални кацига и очила
22 Професионални кацига и очила
23 Професионални кацига и очила
24 Професионални кацига и очила
25 Професионални кацига и очила
26 Професионални кацига и очила
27 Професионални кацига и очила
28 Професионални кацига и очила
29 Професионални кацига и очила
30 ВАУЧЕР од Град Скопје, 12.000мкд

 

 

Најчесто поставувани прашања

„Вози право, вози здраво“ е ревијална трка на граѓани кои се регистрирале за учество и кои со своите велосипеди, тротинети, ролерки, скироли и бебе колички доаѓаат да возат низ улиците на Центарот на Скопје ослободени од сообраќај. 

Настанот е во организација и реализација на Стопанска банка АД - Скопје како дел од долгорочните општествено одговорни практики. Целта на настанот е да се промовира урбан велосипедизам, односно замена на автомобилите и автобусите со урбани превозни средства кои не ја загадуваат животната средина но и придонесуваат за индивидуалното здравје. 

Ревијалната трка започнува од Порта Македонија, преку ул. Димитрие Чуповски, се врти десно кон ул. Даме Груев по која се движиме до бул. Илинденска па покрај Влада се движиме до пешачкиот премин за влез во Градскиот парк (кај старо Матично).

 

Сите лични превозни средства кои не загадуваат се повеќе од добредојдени:

  • велосипеди, трицикли, push bikes или велосипеди со помошни тркала и секако електрични велосипеди 
  • ролерки, скироли, ролшуи 
  • тротинети на 2, на 3 или на 4 тркала, електрични тротинети (кои ќе возат со разумна брзина)  
  • родители со бебе колички и слично. 

Само едно електрично возило е вклучено, во улога на безбедносно возило кое прво ја поминува патеката. Други возила не вклучуваме во трката, напротив улиците од центарот ги ослободуваме од возила за време на трката и ги освојуваме со нашите превозни средства.

Настанот е целосно инклузивен и добредојдени се сите кои сакаат да ја заживеат културата на урбан велосипедизам и сакаат улици со помалку возила а повеќе насмевки. 

Како општествено одговорна компанија со повеќе од 80 години искуство на пазарот и пред се како активен дел од заедницата, го креиравме овој проект како иницијатива на нашите вработени и горди сме што веќе 10 години настанот расте и се развива во проект со кој се гордееме и кој ќе остане како значајна нишка во историјата на Банката. 

Велосипедизмот во град како Скопје е одлична алтернатива на возилата кои покрај тоа што го загадуваат воздухот, создаваат бучава и неред и почнувајќи од нас самите, се обидуваме да ги замениме со велосипед или тротинет и потивко, помирно и на поздрав начин да дојдеме до работното место и до домот. 

Преку #ВПВЗ и донациите кои остануваат за Градот градиме нови генерации на љубители на велосипедизмот и градиме култура со која долгорочно ќе создадеме промена во однесувањето и во квалитетот на животот. 

Донациите кои досега произлегоа од #ВПВЗ се:

  • 2 детски вело-паркови (Парк Македонија и Парк Сарај)
  • pump track во Градскиот парк (TOPSI pumptrack)
  • Сите 23 средни училишта во Град Скопје добија големи паркинзи за велосипеди 
  • 300 паркинзи на ударни локации во Градот
  • 14 станици за самостојна поправка на велосипеди и
  • најава за нов вело парк во Кочани
Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.