header image

Засилена автентикација при електронски плаќања

17. 2. 2026

 

Засилена автентикација при електронски плаќања

 

Го споделуваме соопштението од Македонската банкарска асоцијација со кое се информира јавноста дека, согласно Законот за платежни услуги и платни системи, со кој во националното законодавство е транспонирана Директивата (ЕУ) 2015/2366 за платежни услуги на внатрешниот пазар (PSD2), од 1 март 2026 година започнува примената на засилена автентикација на корисниците (Strong Customer Authentication – SCA) при извршување одредени платежни трансакции.

Засилената автентикација ќе се применува кај платежни трансакции иницирани на далечина, и тоа:

  • плаќања со платежни картички при електронска трговија, како и
  • кредитни трансфери иницирани преку интернет-банкарство или мобилни апликации на банките.

Воведувањето на засилената автентикација има за цел подигнување на нивото на безбедност на електронските плаќања, намалување на ризикот од неовластени трансакции и подобра заштита на корисниците на платежни услуги, при што електронските и дигиталните плаќања ќе продолжат да се извршуваат непречено, со дополнителен безбедносен чекор.

Засилената автентикација се заснова на користење на најмалку два од следните три меѓусебно независни елементи:

  • Елемент на знаење – нешто што го знае корисникот (на пример лозинка или ПИН),
  • Елемент на поседување – нешто што го поседува корисникот (на пример мобилен уред, токен или платежна картичка),
  • Елемент на својство – нешто што е својствено за корисникот (биометриски податоци, како отпечаток од прст или препознавање лице).

Во таа насока, досегашните начини на потврда на трансакции, како што се еднократни кодови доставени преку СМС или електронска пошта, кои се користат во рамки на постојните 3-D Secure решенија, ќе бидат заменети или надградени со посовремени и побезбедни механизми, во согласност со барањата на засилената автентикација.

Секоја банка, согласно законската рамка и сопствените технички и организациски можности, самостојно ќе го дефинира моделот на засилена автентикација, односно комбинацијата на елементи што ќе ги применува, поради што начинот на автентикација и корисничкото искуство може да се разликуваат од банка до банка.

Информации за клиентите на Стопанска банка

Во рамки на процесот на воведување на засилената автентикација, банките ќе пристапат кон информирање и едукација на своите клиенти за применуваните решенија, постапките за автентикација и практичните чекори при извршување на платежни трансакции, преку сопствените комуникациски канали.

Примената на засилената автентикација претставува значаен чекор во усогласувањето на платниот систем со европската регулаторна рамка, придонесувајќи кон зголемена сигурност, доверба и заштита на корисниците при користење на современите електронски платежни услуги.

Македонската банкарска асоцијација, заедно со банките-членки, останува посветена на унапредување на безбедноста и стабилноста на платниот промет, како и на поддршка на процесите на дигитализација и модернизација на платежните услуги.

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.