header image

Успешно 9то издание на “Вози право, вози здраво“ со нов рекорден број учесници

2. 6. 2025

 

Успешно 9то издание на “Вози право, вози здраво“ со нов рекорден број учесници

 

Долга жолта колона од насмеани лица на велосипеди, тротинети, ролерки, скироли, бебешки колички и други превозни средства кои не загадуваат вчера попладне се слеваше низ скопските улици во центарот на градот. Зборното место беше кај Порта Македонија, а крајната дестинација Градскиот парк, каде што беше закажана големата забава на најмасовниот настан на тркала „Вози право, вози здраво“ vol.9

Стопанска банка и оваа година совршено го организира деветтото издание на омилениот настан на сите оние кои се грижат за животната средина и ја поддржуваат иницијативата за урбан велотранспорт. Преку промоција на здравите животни навики, но и едукација и развивање на велокултурата, околу 9.000 граѓани од сите возрасни категории повторно ја поддржаа мисијата на Стопанска банка и симболично извозеа неколку километри низ градските улици кои вчера беа ослободени од возила.

Оваа година на „Вози право, вози здраво“ vol.9 се пријавија рекорден број учесници, кои го исполнија предвидениот капацитет уште во првите два дена од отворањето на регистрацијата за настанот. Сите нив во Градскиот парк ги чекаa освежување и слатки изненадувања, но и прекрасна забава со одличната музика на диџеј Иван и јунаците од Пет+ фамилија. Покрај музичкиот дел, присутните во Градскиот парк играа и мини-фудбал, добија фотографии за спомен од прекрасниот ден, а се натпреваруваа во стрелаштво и влечење јаже на извидничките игри од Баскерфест. Вистинска атракција беа уметниците на штули кои ги развеселуваа сите присутни, но и графити уметникот кој ги исполнуваше желбите на децата цртајќи им ги омилените ликови и симболи.

Сите учесници на настанот кои имаа стартни бројчиња учествуваа во извлекувањето на големата лотарија, при што најсреќните си заминаа дома со вредни награди. Годинава беа доделени 9 Specialized велосипеди + 1 Specialized електричен велосипед, 9 Garmin часовници + 1 електричен тротинет, 9 сетови за велосипед (кациги и очила) + 1 ваучер што го додели Град Скопје, како и многу други подароци за учесниците.

Деветтото издание на „Вози право, вози здраво“ уште еднаш го потенцираше значењето на здравите животни навики во урбаните градски средини како ефикасно средство за справување со сообраќајниот метеж, бучавата и загадувањето. Иницијативата што ја почна Стопанска банка пред повеќе од 10 години, резултира со донации за многу реализирани проекти за развој на урбаниот велосипедизам во градските средини по секое издание на „Вози право, вози здраво“. Оваа година таа донација ќе биде наменета за изградба на детски вело-парк во Кочани, со што и овој град ќе добие место каде што најмладите ќе развиваат здрави навики и велосипедска култура.

Фотографии и видеа од настанот се достапни на Facebook Instagram профилите на Банката. 

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.