Новости
Соопштенија
Сонуваме Менуваме vol.7 со 2 претстави во Скопје
3.3.2026
Сонуваме Менуваме vol.7 со 2 претстави во Скопје
Изминатиот викенд Националната опера и балет беше исполнета со радост, енергија и силни инклузивни пораки.
Банката со голема гордост ги промовираше двата концерти од инклузивната музичко–театарска претстава „Музичка beat-ка“, реализирани во рамки на нашата долгогодишна општествено одговорна кампања „Сонуваме. Менуваме.“ која веќе 7 години активно ја промовира социјалната инклузија на лицата со попреченост.
Уживавме во емоциите и ентузијазмот на децата кои со насмевки пристигнуваа и оставаа искрени пораки за инклузија на специјалниот банер поставен на влезот.
На сцената, сите актери рамноправно учествуваа, пренесувајќи ја пораката за прифаќање и еднаквост преку нова, креативно преработена популарна музика, многу игра, шеги и креативност.
Банката упатува искрена благодарност до актерите и до тимот од ОхО продукција, кои со својата посветеност, труд и уметнички пристап секоја година ја претвораат оваа претстава во вистинско инспиративно искуство. Нивната енергија и соработка со децата придонесуваат пораката за инклузија да стигне до што повеќе срца.
Заедно продолжуваме да сонуваме и да менуваме – создавајќи општество во кое секое дете има простор да блесне.
Од седмото издание на проектот одобрени беа и веќе се во фаза на реализација нови 16 грантови за асоцијации на деца со попреченост во земјата.


Стопанска банка
На ваша страна

