19. 6. 2025
Оглас за продажба на превземен имот (реф бр.3-06/2025)
Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на деловно-административен простор на ул.Битпазарска (непосредно до хотел Арка) на КП 8998/3 за КО Центар 1, и тоа:
- Административен простор на мезанин 1 со површина од 386м2 и помошни простории со површина од 222м2 согласно Имотен лист бр.43511 за КО Центар 1,
- Административен простор на мезанин 2 со површина од 568м2 и помошни простории со површина од 222м2 согласно Имотен лист бр.43511 за КО Центар 1,
- 36/261 идеален дел од деловен простор во сутерен со вкупна површина од 261м2 согласно Имотен лист бр.45395 за КО Центар 1,
- 126/364 идеален дел од деловен простор во мезанин 1 со вкупна површина од 182м2 согласно Имотен лист бр.45396 за КО Центар 1,
за вкупна минимална/почетна цена од 789.000 ЕУР.
Напомена: Објектот е изграден пред 2000година, а имотот, предмет на продажба е во фаза - затворена карабина.
Продажбата на имотот се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот. Со уплата на депозит за лицитација, се смета дека понудувачите се запознаени со правните недостатоци на овој имот, и ги прифаќаат истите.
Во цената на имототот не е вклучен ДДВ од 18% и истиот го плаќа купувачот.
Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.
Недвижниот имот се продава во готово или на кредит.
Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.
Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:
- Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
- Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
- Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 6 месеци),
- Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.
- На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
- цената која се нуди за купување на недвижноста;
- согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
- согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.
Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 - МКД 113660111 со назнака: “депозит за учество на лицитација”, средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот.
Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.
Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откако ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.
Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.
Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на еврото пресметана според средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето.
Рокот за доставување на Понудите е 25.06.2025година.
Дополнителни информации на телефон: 02/3295-487, 02/3295-283, 02/3295-391