Новости
Соопштенија
Одобрени 16 грантови за #СонувамеМенуваме vol. 7
4.12.2025
Одобрени 16 грантови за #СонувамеМенуваме vol. 7
На повикот за грантови од #СонувамеМенуваме бр. 7 до Банката пристигнаа 28 пријави на проекти и планирани активности од 28 асоцијации и здруженија.
Комисијата на Банката ги разгледа сите проекти и со годишниот буџет од 30.000евра ќе ги финансира следните 16 проекти:
| ЗДРУЖЕНИЕ | ОДОБРЕН ИЗНОС |
| „Дневен центар Доза Среќа“ - Скопје | 1.680евра |
| „Викимедија“ - Скопје | 2.000евра |
| „Ластовица“ - Скопје | 2.166евра |
| „Креатива Исток“ - Скопје | 2.200евра |
| „ВО МОЈОТ СВЕТ“ - Скопје | 2.200евра |
| „Златни Ангели“ - Скопје | 2.000евра |
| „Кузман Јосифовски Питу“ - Скопје | 2.081евра |
| „Соѕвездие“ - Скопје | 2.500евра |
| „Кочо Рацин“ - Битола | 1.300евра |
| Државно средо училиште „Партенија Зографски“ - Скопје | 2.500евра |
| Монтесори - Здружение, Скопје | 1.500евра |
| „Балончиња“ - Битола | 1.160евра |
| „Имаго Плус“ - Скопје | 1.500евра |
| „КУЌА НА СРЕЌАТА“ - Скопје | 2.450евра |
| „Мојот пат“ - Скопје | 1.300евра |
| „Отворете ги прозорците“ - Скопје | 1.500евра |
| ВКУПЕН ИЗНОС НА ДОНАЦИИ: | 30.037евра |
Им благодариме на сите здруженија и асоцијации кои испратија барања и одговорија на повикот. Не радува фактот што со овогодинешниот буџет достигнуваме 150.000евра донирани во проекти кои значително го подобруваат секојдневието на лицата со попреченост. Конкретните проекти опфаќаат повеќе лица, овозможуваат континуирана работа со нив преку нови едукативни, инклузивни или физиотерапевтски методи или, пак, овозможуваат нивна поголема слобода при движењето и извршувањето на секојдневните активности.
„Сонуваме. Менуваме“ продолжува да биде платформа преку која Банката промовира инклузија на лицата со попреченост во општеството преку кампања, инклузивни музичко театарски претстави и донации.
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

