header image

Намалувањето на надоместоците за платежни услуги продолжува и во септември!

2. 9. 2025

Намалувањето на надоместоците за платежни услуги продолжува и во септември!

 

Како Банка која искрено се грижи за своите корисници и постојано вложува во подобрувањето на услугите, со задоволство Ве информираме дека процесот на намалувањето на надоместоците за платежни услуги, кој започна во август, продолжува и во текот на септември со нови поволности.

Стопанска банка АД - Скопје е носител на промените во полето на дигитализацијата и меѓу првите на пазарот овозможи кредитните трансфери за физичките лица, во интерниот платен промет, преку дигиталните канали да бидат целосно ослободени од надоместоци. Препознавајќи ја довербата што секојдневно ни ја укажувате, од 10.09.2025 година, оваа погодност ја прошируваме и за правните лица, со што значајно ја унапредуваме поддршката за деловната заедница.

Исто така, со цел дополнителни заштеди за физичките и за правните лица и олеснет пристап до европските пазари, од 05.10.2025 година ја намалуваме тарифата и за СЕПА кредитните трансфери, олеснувајќи го меѓународното работење под уште поатрактивни услови.

Со овие иницијативи даваме значителен придонес за поттикнување на дигитализацијата и финансиската инклузија, со посветеност и одговорност, да бидеме секогаш доверлив партнер на заедницата.

Во продолжение погледнете го деталниот преглед на укинати и намалени надоместоци за платежни услуги согласно Одлуката за измена и воведување на нови ставки во Тарифата на надоместоци за услугите на Стопанска банка АД - Скопје во делот на платниот промет во земјата и странство за правни и физички лица, во примена од 10.09.2025 година:

за правни лица:

Тарифна ставка

Важечки надоместок

Надоместок во примена од 10.09.2025

5.6 Издавање дупла картичка за потписник, доносител

50,00 мкд

без надоместок

5.14 Препис на извод за минат период – тековна година

100,00 мкд

50,00 мкд

5.15 Препис на платен налог

250,00 мкд

без надоместок

5.33 Кредитен трансфер во денари преку интерен-систем на СБ – електронски платни налози

 

10,00 мкд

 

без надоместок

5.87 Надоместок за извештаи од блокирани платежни сметки

200,00 мкд

без надоместок

61.3 Потврди за поседување промет и состојби на сметка

350,00 мкд

100,00 мкд

61.40 Препис на платен налог

250,00 мкд

без надоместок

 

за физички лица:

Тарифна ставка

Важечки надоместок

Надоместок во примена од 10.09.2025

61.3 Потврди за поседување промет и состојби на сметка

350,00 мкд

100,00 мкд

61.40 Препис на платен налог

250,00 мкд

без надоместок

 

Се воведуваат нови надоместоци поврзани со меѓународните плаќања во примена од 05.10.2025 година:

за правни лица:

Тарифна ставка

Надоместок во примена од 05.10.2025

СЕПА Прилив од странство за правно лице резидент/нерезидент

До 500 ЕУР – 5 ЕУР

Од 500,01 – 12.500 ЕУР – 8 ЕУР

Од 12.500,01 – 50.000 ЕУР – 12 ЕУР

Над 50.000,01 ЕУР – 20 ЕУР

СЕПА Кредитен трансфер во евра за правно лице резидент/нерезидент – хартиени платни налози

До 12.500 ЕУР – 10 ЕУР

Над 12.500,01 -  20 ЕУР

СЕПА Кредитен трансфер во евра за правно лице резидент/нерезидент – електронски платни налози

10 ЕУР

 

за физички лица:

Тарифна ставка

Надоместок во примена од 05.10.2025

СЕПА Прилив од странство за физичко лице резидент/нерезидент

До 500 ЕУР – 0,16 ЕУР

Од 500,01 – 12.500 ЕУР – 2 ЕУР

Од 12.500,01 – 50.000 ЕУР – 4 ЕУР

Над 50.000,01 ЕУР – 5 ЕУР

СЕПА Кредитен трансфер во евра за физичко лице резидент/нерезидент – хартиени платни налози

 

До 500 ЕУР – 4 ЕУР

Од 500,01 – 12.500 ЕУР – 6 ЕУР

Од 12.500,01 – 50.000 ЕУР – 10 ЕУР

Над 50.000,01 ЕУР – 16 ЕУР

СЕПА Кредитен трансфер во евра за физичко лице резидент/нерезидент – електронски платни налози

 

 

До 500 ЕУР – 1 ЕУР

Од 500,01 – 12.500 ЕУР – 3 ЕУР

Од 12500,01 – 50.000 ЕУР – 8 ЕУР

Над 50.000,01 ЕУР – 10 ЕУР

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.