header image

Хрисула Кутуди е нов генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор

1. 9. 2025

 

Хрисула Кутуди е нов генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор 

 

Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека по добивање на сите потребни одобренија од Народната банка, г-а Хрисула Кутуди е назначена за генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.

г-а Кутуди е признат банкарски професионалец со над 30 години искуство, од кои најголемиот дел во рамки на НБГ Групацијата. Нејзината кариера е обележана со врвни резултати, признанија за иновативност во 2022 и 2024 година, како и исклучително лидерство во областа на дигиталната трансформација и развојот на нови банкарски услуги.

Во Стопанска банка таа доаѓа од позицијата помошник генерален директор за специјализирани решенија – банкарство на мало во НБГ Групацијата, каде што беше посветена на унапредување на производи, дигитални алатки и канали, како и на развој на стратешки партнерства и концепти за вградено банкарство (embedded banking). Има значајно искуство и во управување со тимови во областа на корпоративно банкарство, наплата, кредитна анализа и проектно финансирање.

Назначувањето на г-а Кутуди доаѓа во период кога Стопанска банка АД – Скопје, поддржана од Групацијата, забрзано инвестира во дигитална трансформација, развој на иновативни решенија и континуиран раст на своите човечки ресурси. Со нејзиниот ангажман и со искуството на новите членови на Управниот одбор, Банката значително го зајакнува својот тим и капацитети.

Во подготовката за преземање на новата функција, Кутуди веќе се запозна со македонскиот банкарски пазар, со Стопанска банка и тимот вработени, вклучувајќи се активно во тековните процеси на трансформација.

- Чест ми е да ја преземам оваа одговорна функција, свесна за значењето на Стопанска банка како институција со најдолга традиција на македонскиот банкарски пазар и како столб во НБГ Групацијата. Импресионирана сум од тимот на професионалци чии резултати и визија се одлична основа за понатамошен развој. Ќе продолжиме да вложуваме во знаење, иновации и во вредностите кои ја дефинираат Банката, со јасна цел: да одговориме на потребите на клиентите, бизнис секторот и заедницата - изјави г-а Кутуди.

Со назначувањето на г-а Кутуди, во сила стапува оставката на г. Диомидис Николетопулос, кој ја извршуваше функцијата генерален извршен директор од 2013 година.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.